Руапуке (остров)
Руапуке (англ. Ruapuke Island) е еден од најјужните острови во главниот архипелаг на Нов Зеланд. Се наоѓа 15 км југоисточно од Блаф и 32 км североисточно од Обан (на Стјуартовиот Остров). Островот зафаќа површина од околу 16 км2 и е сместен на источниот крај на Фовоовиот Проток. Денес е ненаселен, но некогаш имал 200 жители, сите Маори[1].
Прегледна карта | |
Географија | |
---|---|
Координати | 46°47′S 168°30′E / 46.783° ЈГШ; 168.500° ИГД |
Површина | 16 км2 |
Највисоко место | 64 м |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Средината на островот е рамна, со височина од 41 m, а на северниот, јужниот и западниот крај се распослани со хумки. Островот е покриен со закржлавени дрвца. Северниот ‘рт на островот е карпеста испакнатина што се издига во хумка со висина од 62 m. Во најзападниот дел островот достигнува надморска височина 64 m.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Вотерс, Вилијам Ешер (1966). „Остров Руапуке“. Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд. Посетено на 9 ноември 2010.
Надворешни врски
уреди- Остров Руапуке[мртва врска] - податоци и историја (англиски)