Фовоов Проток (англиски: Foveaux Strait; маорски: Te Ara a Kiwa/Kewa) — проток кој го дели Стјуартовиот Остров од Јужниот Остров на Нов Зеланд.[1] Долж северното крајбрежје на протокот се протегаат три големи залива: Те Ваевае, Орети и Тоетоес, каде што се наоѓа и гратчето Блаф. Преку протокот се сместени ненаселените Соландерови Острови, Стјуартовиот Остров и островот Руапуке. Протокот е долг околу 130 м (од Руапуке до Малиот Соландеров Остров), и се проширува (од 14 км кај Руапуке до 50 км кај заливот Те Ваевае) и се продлабочува (од 20 до 120 м) од исток кон запад. Фоовиот Проток е честопати бурен и опасен за пловидба, и постојат многу случаи на бродоломи и давења.

Фовоовиот Проток (горе-десно) на карта на Стјуартовиот Остров.
Протокот во ретко мирна состојба.

Првиот Европеец кој го открил протокот бил Овен Фолџер Смит, кој наишол на него во 1804 г. Протокот го носи името на Џозеф Фово, тогашниот управник-намесник на Нов Јужен Велс.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Топоними: За Фовоовиот Проток“. Новозеландска географска база на топоними. Земјишни информации Нов Зеланд. Посетено на 28 март 2009. (англиски)

Надворешни врски уреди

46°40′S 168°11′E / 46.67° ЈГШ; 168.18° ИГД / -46.67; 168.18