Обан (Нов Зеланд)
Обан (англ. Oban) е најголемото населено место на Стјуартовиот Остров, најјужниот населен остров во рамките на архипелагот на Нов Зеланд. Обан се протега на Полумесечевиот Залив (Halfmoon Bay), на Патерсоновиот Мореуз. Местото е поврзано со Јужниот Остров авионски до Инверкаргил, и со траект до местото Блаф.
Местото е наречено по градот Обан во Шкотска,[1] најверојатно заради силното влијание на шкотските доселеници на југот на Нов Зеланд во колонијално време.
Според пописот од март 2001 г. постојаното население на островот броело 387 жители, што е за 30 души помалку од бројот во 1996 г. Околу 80% од жителите живеат во Обан. Според понови проценки населението брои околу 400 жители, а островот бележи умерен стопански раст, особено со развојот на туризмот и владините инвестиции од неколку милиони долари, што се должи на отворањето на националниот парк Ракиура.[2]
Наводи
уреди- ↑ Шкотски топоними низ светот - од Фајф до Обан (англиски)
- ↑ Стјуартовиот Остров доби помош од 5.6 милиони долари[мртва врска] - Новозеландски Хералд, вторник, 12 јули 2005 (англиски)