Рој Роџерс
Рој Роџерс (англиски: Roy Rogers; роден како Леонард Френклин Слај, англ. Leonard Franklin Slye; 5 ноември 1911 ― 6 јули 1998 година), наречен Кралот на Каубојците[1] ― американски пејач, глумец, телевизиски водител и родео-јавач.
Рој Роџерс | |
---|---|
Рој Роџерс во Детето од Карсон Сити, 1940 | |
Роден(а) | Леонард Френклин Слај ноември 5, 1911 Синсинати, Охајо, САД |
Починал(а) | јули 6, 1998 Епл Вали, Калифорнија, САД | (возр. 86)
Други имиња | Лен Слај |
Занимање |
|
Активен период |
|
Стил | Вестерн |
Партија | Републиканец |
Сопружник |
|
Деца | 9 |
Живот и кариера
уредиРој Роџерс е роден на 5 ноември 1911 година во Синсинати во сиромашно семејство. Во 1919 година неговото семејство купило фарма во Охајо. Сепак, таткото на Роџерс брзо сфатил дека со фармата не може да го издржува сопственото семејство и почнал да работи во фабрика. Во меѓувреме, неговиот син Рој ги развил своите јавачки вештини, кои подоцна ги искористил за неговите филмови. По години сиромаштија и напорна работа, во 1930 година со автостоп заминал за Калифорнија.
На локалната музичка сцена се пробил преку натпревар во пеење. Таму ги запознал Боб Нолан и Тим Спенсер, со кои во 1933 година го основале триото Sons of the Pioneers. Групата наскоро доживеала голем успех. И покрај редовните концерти и радио снимања, членовите на Sons of the Pioneers нашле време да глумат помали улоги во вестерн филмови. Во 1937 година, Роџерс го заменил Џин Отри (кој во тоа време бил вестерн ѕвезда) во авантуристичкиот филм Под вестерн ѕвездите. По само неколку филмови, тој го надминал Отри во популарноста кај публиката и станал една од најпознатите и најпопуларните вестерн ѕвезди во тоа време.
Рој Роџерс глумел во 87 филма, а снимил и многу епизоди за неговата истоимена радио програма која се емитувала девет години. Од 1951 до 1957 година, бил водител на телевизиската серија „Тhe Roy Rogers Show“. Во многу епизоди од серијата, Рој се појавувал со неговата сопруга Дејл Еванс; неговиот коњ Тригер; и неговиот германски овчар, Булет.
Рој Роџерс бил единствениот кантри пејач кој двапати бил примен во Куќата на славата на кантри-музиката, во 1980 година како член на Sons of the Pioneers и во 1988 година како солист. Заедно со Боб Хоуп, Мики Руни и Тони Мартин, тој има две ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд; втората ѕвезда се однесува на неговата група.
Во неговите подоцнежни години, одобрил неговото име да се користи за ланецот на ресторани Рој Роџерс.
Занимливости
уреди- Во филмот од 1938 година, Авантурите на Робин Худ (англ. The Adventures of Robin Hood) Оливија де Хевиленд јава на коњ по име Златен Облак. По завршувањето на снимањето, Рој Роџерс го купил коњот и го нарекол Тригер; коњот потоа станал најпознат коњ во филмската индустрија.
- Роџерс, по мајка му имал индијанско потекло. Во 1967 година, група индијански племиња го изгласале за „извонреден индијански граѓанин на годината“.[2]
- Културното влијание на Роџерс се одразува во многу песни, како „If I Had a Boat“ од Лајл Ловет, „Roy Rogers“ од Елтон Џон од неговиот албум од 1973 година Goodbye Yellow Brick Road и „Should've Been a Cowboy“ од Тоби Кит.
- Рој Роџерс се спомнува во многу филмови, вклучително и „Умри машки“ (1988) во кој ликот кој го толкува Брус Вилис, Џон Меклејн, го користел псевдонимот „Рој“ и рекол: „Јас отсекогаш бев малку наклонет кон Рој Роџерс всушност“.
Место во благајните
уредиНеколку години публиката го рангирала Рој Роџерс меѓу најпопуларните ѕвезди во САД:
- 1942 ― второ место на листата на најпопуларни вестерн-ѕвезди (по Џин Отри)[3]
- 1943 ― најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1944 ― 24-та најпопуларна ѕвезда во САД; најпопуларна вестерн-ѕвезда.[4]
- 1945 ― најпопуларна вестерн ѕвезда;[5] 10-та најпопуларна ѕвезда[6]
- 1946 ― 10-та најпопуларна ѕвезда во САД; најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1947 ― 12-та најпопуларна ѕвезда во САД; најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1948 ― 17-та најпопуларна ѕвезда во САД; најпопуларна вестерн-ѕвезда[7]
- 1949 ― 18-та најпопуларна ѕвезда во САД; најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1950 ― 19-то место (САД);[8] најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1951 ― најпопуларна вестерн-ѕвезда
- 1952 ― најпопуларна вестерн-ѕвезда (10-та година по ред)[9]
Филмографија (избор)
уреди- 1938: Под вестерн-ѕвездите (Under Western Stars)
- 1938: Били Кид се враќа (Billy the Kid Returns)
- 1939: Аризона Кид (The Arizona Kid)
- 1939: Каубоец во Њујорк (Wall Street Cowboy)
- 1939: Сага за долината на смртта (Saga of Death Valley)
- 1940: Ренџерот и дамата (The Ranger and the Lady)
- 1940: Колорадо (Colorado)
- 1940: Младиот Бил Хикок (Young Bill Hickok)
- 1940: Младиот Бафало Бил (Young Buffalo Bill)
- 1941: Шерифот од Томбстоун (Sheriff of Tombstone)
- 1942: Јужно од Санта Фе (South of Santa Fe)
- 1943: Ајдахо (Idaho)
- 1943: Кралот на каубојците (King of the Cowboys)
- 1943: Сребрени мамузи (Silver Spurs)
- 1943: Песна за Тексас (Song of Texas)
- 1944: Каубоец и сењорита (Cowboy and the Senorita)
- 1944: Песна за Невада (Song of Nevada)
- 1944: Бразил (Brazil)
- 1944: Холивудска кантина (Hollywood Canteen)
- 1945: Зајдисонце во Ел Дорадо (Sunset in El Dorado)
- 1946: Хелдорадо (Heldorado)
- 1946: Виножито над Тексас (Rainbow Over Texas)
- 1946: Истрели на ранчот (Мојот Пал тригер)
- 1946: Под небото на Невада (Under Nevada Skies)
- 1948: Под ѕвездите на Калифорнија (Under California Stars)
- 1948: Очите на Тексас (Eyes of Texas)
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- 1961: The Bible Tells Me
- 1990: The Best Of Roy Rogers
- 2003: Roy Rogers Stampede
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „News from California, the nation and world“. Los Angeles Times.
- ↑ Severo, Richard (July 7, 1998). „Roy Rogers, Singing Cowboy, Dies at 86“. The New York Times (July 7, 1998). Посетено на September 9, 2019.
- ↑ „The Screen's First Money-Spinneks for 1942“. The Argus. Melbourne: National Library of Australia. February 27, 1943. стр. 6, The Argus Week-end Magazine. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „Bing Crosby America's Screen Favourite“. The Argus. Melbourne: National Library of Australia. March 24, 1945. стр. 8, The Argus Week-end Magazine. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „Film Cable From Hollywood“. Sunday Times. Perth: National Library of Australia. December 2, 1945. стр. 5, Sunday Times Comics. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „Box Office Stars“. The News. Adelaide: National Library of Australia. December 28, 1945. стр. 1. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „The Box Office Draw“. Goulburn Evening Post. New South Wales: National Library of Australia. December 31, 1948. стр. 3, daily and evening edition. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „Filmdom Ranks Its Money-Spinning Stars Best at Box-Office“. Sydney Morning Herald. National Library of Australia. March 30, 1950. стр. 12. Посетено на October 5, 2014.
- ↑ „Comedians Top Films Poll“. The Advocate. Burnie, Tasmania: National Library of Australia. December 27, 1952. стр. 2. Посетено на October 5, 2014.