Ропотамо

река во југоисточна Бугарија

Ропотамо (бугарски: Ропотамо, од старогрчки: Ροπόταμος, „погранична река“) — релативно кратка река во југоисточна Бугарија. Извира од масивот Странџа, тече 48,5 км и се влева во Црното Море меѓу одморалишните места Дјуни и Приморско.

Ропотамо кај вливот во Црното Море

Реката е позната по своето устие широко 30 м, каде живеат најразлични растителни видови, од кои преку 100 се загрозени. Долното течение е природен резерват и заштитена област уште од 1940 г. и во него се наоѓа највисоката песочна дина на Балканот[1]. Ова е популарно место за разонода поради убавите водни лилјани на карпестите предели над реката, кои воедно се гнездилиште на белоопашест орел.

Ледник Ропотамо

уреди

По реката е наречен ледникот Ропотамо на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

42°20′N 27°46′E / 42.333° СГШ; 27.767° ИГД / 42.333; 27.767