Ромен
Ромен (руски: Ромэн) — најстар и најпознат ромски театар во светот. Театарот зазема средишно место на ромската култура во Русија и од неговото основање во 1931 година бил средиште на привлекување ромски глумци во земјата. Театарот е сместен во зградата на хотелот Советски во Москва и има статус на државна буџетска културна установа. Во неговиот делозбир влегуваат постановки на познати книжевни дела. Автори на сценаријата често се самите глумци.[1]
Историја
уредиНа 24 јануари 1931 година, во Москва било отворено ромското театарско студио „Индо-ромен“, а во првиот месец по отворањето била изведена и првата претстава. Прв директор и прв композитор на „Индо-ромен“ биле еврејските активнисти Моише Голдблат односно Семјон Бугачевски.
На 16 декември 1931 година, студиото ја прикажало првата целосна драмска претстава со елементи на мјузикл „Живот на тркала“ (руски: Жизнь на колёсах). Претставата се состоела од три чина и се засновала врз драмата од ромскиот писател Александар Германо. По изведбата, студиото било преименувано во „Ромен“. Прв директор на преименуваниот театар бил Георги Лебедев.
Од 1940 година, сите изведби во театарот се на руски јазик.
Познати глумци во театарот
уреди- Димитриј Бузиљов — глумец и пејач;
- Владислав Деметер — хор-мајстор, творец на ромското списание „Шунен ромале“, активист и педагог;
- Петар Деметер — глумец и педагог;
- Роза Џелакаева — глумица, пејачка и танчерка;
- Николај Ердено — виолинист и пејач;
- Александар Германо — поет, писател и драматург;
- Вано Хрустаљов — поет, драматург и концерт-мајстор;
- Михаил Иљинскиј — писател и глумец;
- Саша Колпаков — гитарист, вокалист и композитор;
- Вадим Колпаков — гитарист, вокалист, глумец и танчер;
- Иван Ром-Лебедев — глумец и писател;
- Валентина Пономарјова — глумец и пејач
- Николај Сличенко — глумец;
- Нина Дударова — поет, учител, писател и преведувач.
Наводи
уреди- ↑ „О нашем театре“. Театр «Ромэн». 2018. Посетено на 8 ноември 2018.
Литература
уреди- Baurov, Konstantin (1996). Repertuary tsyganskikh khorov starogo Peterburga (руски). St. Petersburg: Martynov i ko. ISBN 5-280-03164-X. OCLC 44003978.
- Rom-Lebedev, Ivan (1990). Ot tsyganskogo khora—k teatru "Romen": Zapiski moskovskogo tsygana (руски). Moscow: Isskustvo. ISBN 5-210-00359-0. OCLC 23688895.
- Demeter, Nadezhda; и др. (2000). Istoriia tsygan: Novyi vzgliad (руски). Voronezh: IPF "Voronezh". ISBN 5-89981-180-3. OCLC 47048383.
- Demeter-Charskaia, Olga (1997). Sud’ba tsyganki (руски). Moscow: Stankin. OCLC 44608891.
Надворешни врски
уреди„Ромен“ на Ризницата ? |
- Службено мрежно место (руски)
- „Moscow Gypsy theatre is 75“. RT. 29 December 2006. Архивирано од изворникот на 1 февруари 2013. Посетено на 27 октомври 2008.
- За театарот „Ромен“ Архивирано на 14 април 2021 г. (англиски)
55°47′05″N 37°34′09″E / 55.7847777878° СГШ; 37.5691944544° ИГД