Нина Дударова
Нина Александровна Дударова (Санкт Петербург, 1903 - Москва, 1992) - ромска поетеса, учител, писател и преведувач. Родена била во Санкт Петербург од мајка Ромка (која била пејачка и танчерка во ромски хор) и очув Русин, и двајцата кои ја одгледале Дударова како свое дете.[1]
Нина Дударова | |
---|---|
Роден(а) | 1903 Санкт Петербург, Руска Империја |
Починал(а) | 1992 (на 88–89 г.) Москва, Русија |
Откако изучувала настава и педагогија, во 1925 година се приклучила на тогаш неодамна основаната Серуски сојуз на Циганите во Москва. Една цел на сојузот била да се бори против неписменоста и да се создаваат училишта на ромски јазик. Во 1926 година, таа била ангажирана со сонародникот ромски поет и преведувач Николај Панков, да изработи азбука за ромскиот јазик.[1]
Последната кирилична транскрипција на Дударова и Панков се засновала на наречјето на руските Роми. Имало голема количина ромска книжевност напишана со оваа азбука (над 300 книги помеѓу 1927 и 1938 година[1]); сепак, ова влијание паднало во споредбено ограничен круг, главно во Москва и неколку градови во СССР, и завршило во 1938 година кога официјалната советска Ромска политика се смени од третирање на Ромите како посебен народ кој треба да се развива како составен елемент на советското општество кон интеграционизмот.[2] Во раните денови на Советскиот Сојуз, многу буквари биле објавени на тема ромско образование за употреба не само во ромските училишта, туку и за возрасната неписмена ромско население. Букварот на Дударова, „Нево Дром: Букварио Ваш Баре Манушенге“ бил еден од првите.[3]
Дударова и Панков биле уредници на книжевното и општественото дело Нево Дром („Нов пат“) и учествувала во објавувањето на познатите алманаси каде Дударова објавувала детски песни исполнети со социјалистичка идеологија. Во тоа време, таа исто така помогна во преводот на делата на Александар Пушкин на ромски јазик и го раководела културниот и опшстествен дом „Лоли Черен“ (Црвена звезда). Таа патувала низ земјата за да одржи предавања за образованието, наводните злодела на религиите, хигиената и правата на жените.[1]
Од 30-тите години на минатиот век[4] предавала ромски јазик во театарот Ромен во Москва и работела како книжевен уредник за деца. По Втората светска војна, Советскиот Сојуз се откажал од сите програми на ромски јазик и Дударова паднала во анонимност.[1]
Наводи
уредиДополнителна книжевност
уреди- Fouque, Antoinette; Calle-Gruber, Mireille; Didier, Béatrice (2015). Le Dictionnaire universel des créatrices (француски). Éditions des femmes. стр. 6444–6445. ISBN 978-2-7210-0651-6.
- Kendrick, Donald (2007). Historical Dictionary of the Gypsies (Romanies) (PDF) (Second. изд.). Scarecrow Press. ISBN 978-0810864405.
- Marushiakova, Elena; Popov, Vasselin (2008). „Soviet Union Before World War II“. Factsheets on Romani History. Project Education of Roma Children in Europe, Европски совет. Посетено на 8 април 2021.
- Marushiakova, Elena; Popov, Vesselin (22 December 2017). „Politics of Multilingualism in Roma Education in Early Soviet Union and Its Current Projections“. Social Inclusion (англиски). 5 (4): 48–59. doi:10.17645/si.v5i4.1128. ISSN 2183-2803.