Ролс-Ројс Фантом IV

Ролс-Ројс Фантом IV (Phantom IV) е најексклузивниот модел на Ролс-Ројс во историјата. Биле направени само 18 вакви автомобили, во периодот помеѓу 1949 и 1956 г, специјално само за кралски семејства и шефови на држави. Ова е и единствениот Ролс-Ројс со 8-цилиндричен построен мотор.

Ролс-Ројс Фантом IV
Rolls-Royce Phantom IV
ПроизводителРолс-Ројс
Период1950–1956
произведени 18
НаследникРолс-Ројс Фантом V
Мотор5.7 Л I8
Меѓуос. раст.3.683 m
Должина5,77 м
Ширина1,95 м

Првиот Фантом IV го поседувала принцезата Елизабета, подоцна кралица Елизабета II на Обединетото Кралство. Нарачката била отстапување од традицијата на набавка на Дајмлерови автомобили, која продолжила сè до набавката на т.н. Bentley State Limousine во 2002 г.

Првиот автомобил, кој станал државен автомобил со нејзиното доаѓање на престолот во 1952 и денес стои во Кралските Коњушници, а подоцна бил додаден и сличен модел со ландаулет каросерија.

Сопственици

уреди