Ролс-Ројс Фантом V
Фантом V (Phantom V) е ултраексклузивен модел на Ролс Ројс од 1960-тите. Биле направени вкупно 516. Моторот е V8 од 90° со работна зафатнина од 6.230 см³ и двојни SU карбуратори со 4-брзински автоматски менувач. Автомобилот има барабански кочници и оскино растојание од 3,683 mm. Фантом V се произведувал од 1959 до 1968 год, заснован на моделот Сребрен Облак II, делејќи го со него V8 моторот и автоматскиот менувач Џенерал Моторс Хидраматик. Од 1963, па натаму бил ставан 7% посилен мотор од Сребрена Сенка III, како и нови предни крила со вградени двојни фарови во подоцнежните модели.
Џон Леноновиот Фантом V е еден од највредните предмети во поп-колекционерството.