Ричардов замок (Киев)

Ричардовиот замок (украински: Замок Річарда) е замок кој се наоѓа во Андреевскиот реон на Киев, Украина.

Ричардов замок
Замок Річарда
Карта
Општи податоци
Стилнеоготика
АдресаАндреевска улица
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Почната1902
Завршена1904

Објектот бил изграден во почетокот на 20 век во готски стил. Тој е именуван во чест на англискиот крал Ричард I „Лавовско Срце“, јунак од романот на Волтер Скот, Ајванхо.

Замокот се наоѓа во близина на Андреевската црква. Во овој замок живееле неколку истакнати личности од уметноста и науката како професорот на Теолошката кададемија, Голубев, сликарот Красички, скулптурот Балавенски.