Ридима Пандеј (родена 2008 година)[1]индиска еколошка активистка која се залага за дејствување против климатските промени. Таа е често споредувана со Грета Тунберг.[2] Кога имала девет години, поднела тужба против индиската влада затоа што таа не преземала доволно мерки за борба против климатските промени. Таа, исто така, била една од оние кои се жалеа во Обединетите нации, заедно со неколку други млади активисти за климата, против неуспехот на неколку нации да преземат акција против климатската криза.

Позадина

уреди

Пандеј живее во Харидвар, Утараканд, сојузна држава на северот на Индија. Таа е ќерќа на Динеш Чандра Пандеј кој работи во Доверба за диви животни во Индија (Wildlife Trust India) и е екологист и работи во Утараханд во оваа област веќе 16 години, а нејзината мајка е Винита Пандеј, која работи во Шумскиот оддел за Утараканд.[3]

Нејзиниот интерес за климатските промени започнал кога домот на Пандеј во Утараканд бил погоден од големи временски незгоди во текот на изминатите три години и во 2013 година, над 1000 луѓе загинале од поплавите и лизгањето на земјиштето.[4] Речиси 100.000 луѓе морале да бидат евакуирани од регионот.[5] Според Светската банка, климатските промени веројатно ќе го зголемат притисокот врз снабдувањето со вода во Индија.[6]

Климатски активизам

уреди

Правна постапка против индиската влада

уреди

Кога имала девет години, Пандеј поднела тужба против индиската влада бидејќи таа не ги презела значајните чекори против климатските промени за кои се согласиле со Парискиот договор. Овој судски случај бил презентиран во Националниот зелен трибунал (НЗТ), суд кој бил формиран во 2010 година кој се занимава исклучиво со случаи за животна средина. Пандеј, исто така, побарала од Владата да создаде план за намалување на испуштањето на јаглерод и план на национално ниво за спречување на влијанието на климатските промени, вклучително и намалување на употребата на фосилни горива во Индија.

Во интервју за електронскиот весник The Independent. Пандеј навела:

Мојата влада не презеде мерки за регулирање и намалување на емисијата на стаклени гасови, кои предизвикуваат екстремни климатски услови. Ова ќе влијае мене и на идните генерации. Мојата држава има огромен потенцијал да ја намали употребата на фосилни горива, и поради неактивноста на Владата се обратив до Националниот зелен трибунал.

НГТ ја отфрлила нејзината петиција, наведувајќи дека таа е „покриена со проценката на пактот за животна средина“.[2]

Жалба до Обединетите нации

уреди

За време на нејзиното барање за норвешка виза за да оди во Осло, слушнала за организира за млади активисти за климата. Таа ѝ пристапила на организацијата и била избрана да оди во Њујорк на самитот на Обединетите нации за климатски активности во 2019 година.[7] За време на самитот, на 23 септември 2019 г. Пандеј со уште 15 деца, меѓу кои и Грета Тунберг, Ајаха Мелитафа и Александрија Виласењор, поднесле жалба до Комитетот за правата на детето на Обединетите нации, обвинувајќи ги Аргентина, Бразил, Германија, Франција и Турција дека ја прекршиле Конвенцијата за правата на детето со тоа што не успеале соодветно да се справат со климатската криза.

Понатамошен активизам

уреди

Во септември 2019 година, Пандеј предводела училиштен штрајк за климата во рамките на меѓународното движење петоци за иднината (FridaysForFuture) во Дехрадун и исто така станала говорник за Ксунтео Ексчејнг (Xynteo Exchange) истиот месец во Норвешка со Ела Мари Хета Исаксен.[8] Пандеј се обратила кон индиската влада кога упатила апел до Нарендра Моди да го запре планот за сечење на шумата Аари за да се изгради проект за барака за вагони за метро.[9]

Пандеј повикала на целосна забрана на пластиката, тврдејќи дека нејзиното континуирано производство е резултат на побарувачката на потрошувачите. Таа, исто така, ја повикала индиската влада и локалните власти да направат повеќе напори за чистење на реката Ганг.[10] Таа рекла дека додека владата тврдела дека ја чисти реката, нема голема промена во состојбата на реката.

Пандеј е цитирана во нејзината биографија за Деца против климатски промени како што ја наведува нејзината цел:

Сакам да ја спасам нашата иднина. Сакам да ја спасам иднината на сите деца и на сите луѓе од идните генерации.

Препознавање

уреди

Пандеј била на списокот на 100 жени на БиБиСи објавен на 23 ноември 2020 година.[11] Таа, исто така, ја добила Меморијалната награда на Мајка Тереза за социјална правда на 16 декември 2021 година во Њу Делхи.

Наводи

уреди
  1. „National Youth Day 2022: Honouring the Young Activists of India“. The CSR Journal (англиски). 2022-01-12. Посетено на 2022-04-09.
  2. 2,0 2,1 „Who Is Ridhima Pandey“. Business Standard India. Посетено на 23 April 2020.
  3. „Meet the nine-year-old girl who is suing the Indian Government over climate change“. The Independent (англиски). 1 April 2017. Посетено на 23 April 2020.
  4. „India's death toll in aftermath of floods reaches 1,000“. The Guardian (англиски). Associated Press. 24 June 2013. ISSN 0261-3077. Посетено на 2020-04-23.
  5. „Many still stranded in India floods“. BBC News (англиски). 28 June 2013. Посетено на 23 April 2020.
  6. „India: Climate Change Impacts“. World Bank (англиски). Посетено на 23 April 2020.
  7. Празен навод (help)
  8. Ghosh, Sahana. „11-Year-Old Holds Governments Accountable for Inaction on Climate Change“. The Wire. Посетено на 2022-04-09.
  9. Ghosh, Niharika (10 January 2020). „Riddhima Pandey - The 11 Year Old At The Forefront Of Climate Activism In India“. homegrown.co.in (англиски). Посетено на 2022-04-09.
  10. „Who Is Ridhima Pandey“. Business Standard India. Посетено на 23 April 2020.
  11. „BBC 100 Women 2020: Who is on the list this year?“. BBC News (англиски). 2020-11-23. Посетено на 2020-11-23.