Ригеста ајкула-чекан
Ригеста ајкула-чекан | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Chondrichthyes |
Поткласа: | Elasmobranchii |
Ред: | Carcharhiniformes |
Семејство: | Sphyrnidae |
Род: | Sphyrna |
Вид: | S. lewini |
Научен назив | |
Sphyrna lewini (Griffith & Hamilton Smith, 1834) | |
Распространетост на ригестата ајкула-чекан. |
Ригеста ајкула-чекан (Sphyrna lewini) — вид на ајкула.
Како и уште седум познати видови ајкули-чекани, ригестата ајкула-чекан има необична глава, во форма на буквата Т. Кај овој вид предниот дел на главата има три риги, што му дава изглед како да е изрежан, по што и го добил името. Очите се наоѓаат странично на главата. Оваа ајкула лови во близината на морското дно и притоа мавта со главата од едната страна на другата барајќи плен како што се риби, други ајкули, октоподи и ракови. Со користење на сетилните отвори на главата таа исто така може да открива и закопан плен како ражи. Освен тоа, главата може да дејствува како површинска сила, што му овозможува на животното сила што притиска нагоре и помага при нејзиното вртење и ловење на пленот.
Овие животни може да се сретнат како пливаат во големи групи, повеќе од сто единки. Во плитките делови и утоки живеат младите единки, а потоа кожата добива потемна боја за да може да ги штити од сончевта светлина.
Наводи
уреди- „Sphyrna lewini“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2000. Посетено на 11 May 2006. Database entry includes justification for why this species is near threatened
- „Sphyrna lewini“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 23 January 2006. (англиски)