Риби (кована пара од 2015 година)
Риби — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.
Риби | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Хороскопски знаци |
Номин. вредност | 10 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 21 г |
Димензии | 35 x 45 мм |
Облик | јајчест |
Раб | мазен |
Издадена | 2015 |
Цена | 2.700 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.[1]
Опачина
уредиНа опачината се прикажани две риби коишто пливаат во спротивна насока и украс составен од водни лилјани коишто го опкружуваат вметнатото кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Риби. На долниот дел е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Риби“ отпечатен на лист од воден лилјан и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „РИБИ"“. Посетено на 8 јануари 2018.