Ресокрилци
Ресокрилци[1] (ред: Thysanoptera) ― мали инсекти, најчесто со должина до 1 милиметар, кои се карактеризираат со тенко тело и ресести крила, поради што го добиле и името „ресокрилци“. Ентомолозите опишале приближно 7.700 видови. Овие инсекти се распространети низ цел свет и можат да се најдат во различни климатски зони, од топли и влажни до студени и суви региони. Ресокрилците се познати по нивните специфични методи на исхрана и репродукција[2] и играат значајна улога во екосистемот,[3] но исто така се сметаат и за штетници во земјоделството.[4]
Опис и морфологија
уредиРесокрилците се мали инсекти со тенко тело и два пара крила, кои се обраснати со реси. Должината може да варира од 0,5 до 14 милиметри, но повеќето видови не се подолги од 1 милиметар. Имаат издолжено тело кое обично е светложолто, кафеаво или црно. Многу видови ресокрилци имаат специфични шарки или знаци на телото. Возрасните единки имаат две двојки крила, кои кај некои видови можат да бидат целосно отсутни. Нивните усти се асиметрични и се прилагодени за прободување и цицање, што им овозможува да ги цицаат соковите од растенијата или од други мали членконоги.[5][6]
Телото на ресокрилците е поделено на три основни дела: глава, гради и стомак. Имаат карактеристичен облик на триаголна глава со мали и комплицирани усни делови кои им служат за прободување и цицање. Ова им овозможува да цицаат сокови од растенија и да предизвикуваат оштетувања на растителните ткива.
Биологија
уредиИсхрана
уредиСе смета дека ресокрилците потекнуваат од предок кој се хранел со габи за време на мезозоикот.[7] Некои ресокрилци сè уште се хранат и ненамерно ги прераспределуваат габичните спори. Тие живеат меѓу лисјата или на мртвото дрво и се важни членови на екосистемот, а нивната исхрана често се дополнува со полен. Иако претежно се хранат со растителни сокови и клеточен сок од растителни ткива, некои видови ресокрилци се предатори кои се хранат со помали инсекти или други ресокрилци. Со својата уста можат да оштетат некои растенија, при што претежно ги напаѓаат пупките на растенијата, цветовите или новите листови.[8][9] При процесот на цицање сокови, тие предизвикуваат оштетувања на растенијата кои можат да се забележат како ситни точки, дамки или венење на листовите.[10]
Оштетување на растенијата
уредиРесокрилците може да предизвикаат оштетување за време на нивната исхрана.[11] Некои видови ресокрилци се значајни штетници во земјоделството, бидејќи предизвикуваат оштетувања на комерцијални култури, како: домати, пиперки, краставици и овошја. Thrips tabaci ги оштетува посевите на кромид, компир, тутун и памук.[9][12]
Некои видови ресокрилци речиси секогаш создаваат жолчки во ткивото на листот. Тие исто така можат да пренесуваат вируси од едно растение на друго, што предизвикува дополнителни економски загуби.
Животен циклус
уредиРесокрилците несат исклучително мали јајца, со големина од околу 0,2 мм. Женките од подредот Terebrantia прават резови во растителното ткиво со својот ovipositor и во секој рез вметнуваат по едно јајце. Женките од подредот Tubulifera ги положуваат јајцата поединечно или во мали групи на надворешните површини од растенијата.[13] Познато е дека некои ресокрилци како што е Elaphothrips tuberculatus се факултативно ововивипари, ги задржуваат јајцата внатрешно и раѓаат машки потомци.[14] Женките од многу видови ги чуваат јајцата од канибализам од други женки, како и од предатори.[15]
Ресокрилците се хемиметаболни, постепено се метаморфозираат во возрасна форма. Животниот циклус на ресокрилците вклучува неколку фази: јајце, ларва, пронимфа, нимфа и возрасен стадиум. По положувањето од јајцата се изведуваат во ларви, кои брзо минуваат низ фазите и прераснуваат во нимфи, а потоа во возрасни единки. Фазата на возрасна единка може да се достигне за околу 8-15 дена; Возрасните можат да живеат околу 45 дена.[16]
Наводи
уреди- ↑ Ангелеска, Елизабета; Николов, Игорче (2023). Штетници кај растенијата. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија. стр. 25.
- ↑ Wang, Zhaohong; Mound, Laurence A.; Hussain, Mubasher; Arthurs, Steven P.; Mao, Runqian (2022). „Thysanoptera as predators: Their diversity and significance as biological control agents“. Pest Management Science. 78 (12): 5057–5070. doi:10.1002/ps.7176. PMID 36087293 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help). - ↑ Terry, I.; Walter, G.H.; Moore, C.; Roemer, R.; Hull, C. (2007). „Odor-Mediated Push-Pull Pollination in Cycads“. Science. 318 (5847): 70. Bibcode:2007Sci...318...70T. doi:10.1126/science.1145147. PMID 17916726.
- ↑ Mound, Laurence A.; Wang, Zhaohong; Lima, Élison F. B.; Marullo, Rita (2022). „Problems with the Concept of "Pest" among the Diversity of Pestiferous Thrips“. Insects. 13 (1): 61. doi:10.3390/insects13010061. PMC 8780980 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 35055903 Проверете ја вредноста|pmid=
(help). - ↑ Childers, C.C.; Achor, D.S. (1989). „Structure of the mouthparts of Frankliniella bispinosa (Morgan) (Thysanoptera: Thripidae).“. Во Parker, B.L.; Skinner, M.; Lewis, T. (уред.). Towards Understanding Thysanoptera. Proceedings of the International Conference on Thrips. Radnor, PA: USDA Technical Report NE-147.
- ↑ „Thrips (Thysanoptera: Thripidae)“ (PDF). Colorado State Universiy.
- ↑ Grimaldi, D.; Shmakov, A.; Fraser, N. (2004). „Mesozoic Thrips and Early Evolution of the Order Thysanoptera (Insecta)“. Journal of Paleontology. 78 (5): 941–952. doi:10.1666/0022-3360(2004)078<0941:mtaeeo>2.0.co;2. JSTOR 4094919.
- ↑ Kirk, W.D.J. (1995). Parker, B.L.; Skinner, M.; Lewis, T. (уред.). Feeding behavior and nutritional requirements. Thrips Biology and Management. Plenum Press. стр. 21–29.
- ↑ 9,0 9,1 „Onion Thrips“. NCSU. Посетено на 23 February 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „NCSUOnionThrips“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Tipping, C. (2008). Capinera, John L. (уред.). Encyclopedia of Entomology. Springer Science & Business Media. стр. 3769–3771. ISBN 978-1-4020-6242-1.
- ↑ Childers, C.C. (1997). Lewis, T. (уред.). Feeding and oviposition injuries to plants. Thrips as Crop Pests. CAB International. стр. 505–538.
- ↑ „Thrips tabaci (onion thrips)“. Invasive Species Compendium. CABI. Посетено на 24 February 2017.
- ↑ Gullan, P. J.; Cranston, P. S. (2010). The Insects: An Outline of Entomology (4th. изд.). Wiley. стр. 511. ISBN 978-1-118-84615-5.
- ↑ Crespi, Bernard J. (1989). „Facultative viviparity in a thrips“. Nature (англиски). 337 (6205): 357–358. doi:10.1038/337357a0. ISSN 0028-0836.
- ↑ Crespi, Bernard J. (1990). „Subsociality and female reproductive success in a mycophagous thrips: An observational and experimental analysis“. Journal of Insect Behavior (англиски). 3 (1): 61–74. doi:10.1007/BF01049195. ISSN 0892-7553.
- ↑ Smith, Tina M. (2015). „Western Flower Thrips, Management and Tospoviruses“. University of Massachusetts Amherst. Посетено на 21 February 2017.