Репкин белец
Репкиниот белец (Pieris napi) е пеперуга од семејството на пеперуги белци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Репкин белец | |
---|---|
Репкин белец | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pieris (butterfly) |
Вид: | Репкин белец |
Научен назив | |
Pieris napi (Linnaeus, 1758) |
Распространетост
уредиОваа пеперуга е расширена во скоро цела Европа и Азија, но и Индија, Северна Африка и Северна Америка. Пеперутката може да се најде во ливади и шумски предели. Поретко може да се најде во градини и паркови.
Опис
уредиОваа пеперутка има родов диморфизам. Женките имаат две точки на предните страни на крилјата. Вените на крилјата кај женките најчесто се поизразени за разлика од мажјациѕе. Долната страна на крилјата има бледожолта боја, а вените имаат зеленкаста нијанса. Најчесто ги полага јајцата на растението brassicaceae. Мажјаците имаат сексуален феромон, кои и луѓето може да го приметат, цитралот.[1]
Животен циклус
уредиЈајцата се полагаат единечно на голем број растенија, меѓу кои Sisybrium officinale, Alliaria petiolata, Cardamine pratense, Rorippa nastutium-aquaticum, Sinapis arvensis, Cardamine amara, Brassica oleracea и Raphanus raphanistrum. Овие гасеници се често штетници во
градините. Гасениците се зелени и добро камуфлирани. Кога се големи имаат црни дамки со бели влакна. Зимата ја поминува во фазата кукла. Куклата е зелена.
Живеалиште
уредиПеперугата може да се најде во тревни површини, шумски предели, ливади и долини. Подоцнежните генерации го прошируваат местото за хранење во посушни предели. Живее и до 2500 метри надморска висина во Европа, или 3600 во Мароко.
Во северна Европа има две или три генерации од април до септември. Во потопли предели има и четврта генерација.
Подвидови
уреди- Pieris napi napi
- Pieris napi adalwinda (Fruhstorfer, 1909) Финска, Шведска
- Pieris napi meridionalis Heyne & Rühl, 1895 Шпанија, Италија
- Pieris napi segonzaci (le Cerf, 1923) Атлас
- Pieris napi maura (Verity, 1911) Алжир
- Pieris napi atlantis (Oberthür, 1923) Мароко
- Pieris napi flavescens (Wagner, 1903) Австрија
- Pieris napi lusitanica Lep. Portug. Porto: 2, 1929 De Sousa Португалија
-
Pieris napi napi ♂
-
Pieris napi napi ♂ △
-
Pieris napi napi ♀
-
Pieris napi napi ♀ △
Синоними
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Andersson, J.; Borg-Karlson, A. -K.; Vongvanich, N.; Wiklund, C. (2007). „Male sex pheromone release and female mate choice in a butterfly“. Journal of Experimental Biology. 210 (6): 964–70. doi:10.1242/jeb.02726. PMID 17337709.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Pieris napi (Linnaeus 1758)“. Fauna Europaea. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2007-04-27.
Надворешни врски
уреди„Репкин белец“ на Ризницата ? |
„Pieris napi“ на Викивидовите ? |