Религија во Обединетото Кралство

Верници во Обединетото Кралство
англиканци
  
45 %
Римокатолици
  
15 %
Муслимани
  
2,7 %
Презвитеријанци
  
1,33 %
Методисти
  
1,1 %
Други или нерелигиозни
  
30 %

Религијата во Обединетото Кралство според Договорот на Унијата ја гарантира верската толеранција и слобода на секој жител на земјата. Според пописот од 2001 година, христијанството и понатаму останала главна религија, проследено со исламот, хиндуизмот, сикизмот, јудаизмот и будизмот во однос на бројот на приврзаниците.

Англија и Велс уреди

Христијанството е главна религија во Англија, а како најголема организација е Англиканската црква[1]. Таа е т.н. Мајка црква на целата Англиканска Приочест (со исклучок на шкотската епископска црква, која има посебно потекло) и е најстара меѓу сите цркви на островот. Црквата на Англија, исто така, го задржала правото за учество во законските мерки во земјата (поврзани со верската администрација), преку Генералниот Синод. Христијанството исто така, е главна религија во Велс. Во 1920, на Црквата на Велс станала независна од Црквата на Англија.

Римокатоличката црква во Англија и Велс, е втора по големина христијанска црква во Англија и Велс со околу пет милиони членови, главно во Англија. Бројот на верниците на Пентекостските цркви во последнице годинида е во раст, и денеска е трета по големина црква по Англиканската и Римокатоличката црква.[2] Постојат и други помали религиозни организации, како Армијата на спасот, Обединетата реформска црква итн.

Шкотска уреди

Црквата на Шкотска како национална црква на Шкотска била признанаена во 1921 година. Денеска, во земјата таа е најголема црква со најголем број на верници. Римокатоличката црква во Шкотска е втората по големина христијанска црква. Помали религиозни организации се Слободна црква на Шкотска|Слободната црква на Шкотска, различни други протестантски организации итн.

Северна Ирска уреди

Иако протестантските цркви и Англиканската црква се најголеми религиозни организации во Обединетото Кралство, сепак во Северна Ирска Римокатоличката црква има најголем број на верници во земјата.

Наводи уреди

  1. „The History of the Church of England“. The Archbishops' Council of the Church of England. 2004. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2006-05-24.
  2. 'Fringe' Church winning the believers Timesonline, 19 декември 2006