Религија во Нигерија

Религија во Нигерија
Религија Процент
Ислам
  
50 %
Христијанство
  
40 %
Традиционална религија
  
10 %

Нигерија, најголемата африканска земја според бројот на население (преку 182 милиони во 2015 година)[1], е скоро еднакво поделена меѓу христијанството и исламот, иако точниот однос е неизвесен. Исто така постои и растечка популација на нерелигиозни Нигеријци кои учествуваат со околу 5%. Мнозинството од нигериските муслимани се сунити и се концентрирани во северниот дел на земјата, додека христијаните доминираат на југ. Pew Forum во извештајот од 2010 година направил споредба на извештаите од неколку извори[2]. Нигерискиот попис од 1963 година покажал дека 36% од населението е христијанин, 38% муслимани и 26% припаѓаат на останати религии. Според податоци од 2008 година, 53% се муслимани, 45% христијани и 2% останати. Според анкетата спроведена од Афробарометар во 2008 година, 50% се христијани, 49% муслимани и 1% други, додека според истражувањето на Pew Forum, 52% биле муслимани, 46% христијански и 1% други[2][3][4]. Според извештајот од 2001 година на The ​​World Factbook од ЦИА, околу 50% од населението на Нигерија е муслиманско, 40% се христијани и 10% се придржуваат кон локалните религии[5].

Поголемиот дел од христијаните во Нигерија се протестанти, додека една четвртина се католици[3]. Од 1990-тите до 2000-тите имало значителен пораст во протестантските цркви. Исламот доминира на северот и има голем број поддржувачи во југозападниот дел од земјата. Нигерија има најголемо муслиманско население во Потсахарска Африка. Во однос на религиозните припадности на најголемите етнички групи во Нигерија, етничката група Хауса на северот е главно муслиманска, а западниот дел каде живее народот Јоруба, е поделен главно меѓу исламот, христијанството и традиционалните религии. Народот Игбо кое живее на источниот дел и народот Иџо кое живее на југ се претежно христијани (католици) и некои практичари на традиционалните религии[6]. Средниот појас на Нигерија содржи најголем број малцински етнички групи во Нигерија и тие главно се христијани и припадници на традиционални религии со помал процент на муслимани[7][8].

Најголемиот дел од муслиманите во Нигерија се сунити, припадници на школата Малики. Значително малцинство припаѓа и на Шафиската школа. Голем број сунитски муслимани се членови на братствата на суфизмот, кои го следат движењето Кадирија, Тиџамија или Ахмадија. Постои значително шиитско малцинство.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. World Population Prospectus: The 2015 Revision (PDF). Department of Economic and Social Affairs , United Nations. 2015. стр. 21. Посетено на 13 September 2015.
  2. 2,0 2,1 Islam and Christianity in Sub-Saharan Africa: Appendix B (PDF). Pew Forum. 2010. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-06. Посетено на 13 September 2015.. Pew's own survey info contradicts other Pew reports so there may be an error
  3. 3,0 3,1 „Global Christianity: A Report on the Size and Distribution of the World's Christian Population“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-23. Посетено на 2015-02-03.
  4. „Future of the World Muslim Population“ (web). January 27, 2011. Посетено на 2015-02-03.
  5. „Religions“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 1 July 2013.
  6. „Nigeria: a secular or multi religious state - 2“. Архивирано од изворникот на 2014-03-06. Посетено на 15 April 2014.
  7. „The Middle Belt: History and politics“. Nasarawastate.org. 2004-11-29. Архивирано од изворникот на 2018-08-09. Посетено на 13 March 2012.
  8. http://www.britannica.com/bps/additionalcontent/18/26525030/The-Middle-Belt-Movement-and-the-Formation-of-Christian-Consciousness-in-Colonial-Northern-Nigeria