Резовска Река, Резова Река, Резваја (бугарски: Резовска река, Резова река, Резвая) или Мутлудере турски: Mutludere) — река на крајниот југоисток на Бугарија и најсеверниот дел на (европска) Турција. Тече низ бугарскиот природен парк „Странџа“.

Резовска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеЦрно Море, бугарско-турска граница 41°58′59″N 28°1′46″E / 41.98306° СГШ; 28.02944° ИГД / 41.98306; 28.02944
Должина112 км
Особености на сливот
Резовска Река во рамките на Бугарија
Изворот и утоката на Резовска Река

Реката е долга 112 км и извира на турската страна на масивот Странџа под името „Паспалдереси“ (Paspalderesi). Тече на исток, го одминува селото Паспалово и доаѓа меѓу двете земи, исцртувајќи ја државната граница[1] сè до вливот во Црното Море кај селото Резово, Општина Царево. Ова е најјужната точка на бугарскиот црноморски брег и најсеверната точка на турска страна, како и најјугоисточната точка на Бугарија[2]. Долга е 112 км, и по речиси целото течение ја исцртува границата меѓу Бугарија и Турција и најсеверната на Источна Тракија. Сливното подрачје на Резовска Река опфаќа 738 км2, од кои 555 км2 ѝ припаѓаат на Турција. Најдолга притока е Велика.

Спор

уреди

Границата кај устието на реката била предмет на помал територијален спор помеѓу двете земји кој е разрешен во 1992 г. (ратификуван од Бугарија во 1998 г.). Согласно постигнатата спогодба, Бугарија добила неколку квадратни километри земја на Резовскиот Залив, а за возврат на Турција ѝ припаднала извесна водна површина во континенталниот праг.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди