Ротквичка
Ротквичка или ’рдоква[1] (Raphanus sativus var. radicula) е едногодишно растение од фамилијата зелкоцветни, нашироко одгледувано како коренеста зеленчукова култура. Потекнува од Средна Азија. Се одгледува како зеленчукова култура од пред околу 1000 години во Кина, Јапонија, Египет, Рим и Грција. Оформени се две групи на сорти - европска и кинеска.
Ротквичка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Зелковидни |
Семејство: | Зелки |
Род: | Ротква (L.) Domin |
Вид: | R. raphanistrum |
Подвид: | R. r. subsp. sativus |
Триномен назив | |
Raphanus raphanistrum subsp. sativus (L.) Domin | |
Синоними | |
|
Ротквичката е ладноиздржливо и светлољубиво растение со кус вегетациски период. Коренот е ситен со овална, конусовидна или цилиндрична форма. Неговата боја варира од розова до црвена и виолетова или од комбинација од овие бои. Месото во свежа состојба е бело, сочно, кревко и густо. Кога е нападнато од црви се појавуваат вишново-црвени нишковидни дамки.
Ротквичките се богати со ензими, минерални соли и витамини. Содржат етерично масло кое ја засилува секрецијата на дигестивните жлезди. Се консумира во свежа состојба, при што најшироко се користи при подготовката на свежи зеленчукови салати. Не се погодни за топлинска обработка, бидејќи месото се претвора во каша и ги губи квалитетот на вкус.
Оваа култура успешно се одгледува како на отворено, така и во оранжериски услови. Во Македонија масовно се одгледува во доцна есен и рано напролет. Корењата се готови за откопување за околу 25-30 дена по никнувањето на растението.