Рајдо (*Raidô = „јавање, патување“) е реконструирано прагермански назив на руна во писмото постар футарк . Називот се среќава во рунските песни на старонорвешкиот како Ræið, во исландскиот како Reið, во англосаксонскиот како Rad и во готската буква 𐍂 („рајда“). Обликот на руната може да е непосредно изведен од латиничното R. Одговара на македонската буква „р“.

Назив
Reið
„јавање, патување“
Облик постар футарк футорк помлад футарк
Уникод
U+16B1
Транслитерација р, r
Транскрипција р, r
МФА [r]
Положба во редот 5
Рунска песна:[1] Македонски превод:

старонорвешки
Ræið kveða rossom væsta;
Reginn sló sværðet bæzta.


Велат јавањето било нешто најлошо за коњите;
Регин го искова најдобриот меч.

староисландски
Reið er sitjandi sæla
ok snúðig ferð
ok jórs erfiði.
iter ræsir.


Јавањето е благодат за седењето
патот е краток
а коњите влечат

англосаксонски
Rad byþ on recyde rinca gehwylcum
sefte ond swiþhwæt, ðamðe sitteþ on ufan
meare mægenheardum ofer milpaþas.


Јавањето му се чини многу лесно на секој воин додека седи внатре
а многу храбро на ној што оди по друмовите
јавајќи на силен бодар коњ.

Наводи уреди

  1. Изворни песни и преводи од страницата за рунски песни (англиски)

Надворешни врски уреди