Рафо (пиво)
Рафо — италијанско пиво што се произведувало од 1919 до 1987 година во истоимената пиварница во Таранто. Во 1961 година, брендот бил префрлен во Перони во Рим, а во 2016 година, Перони бил продаден на јапонската група Асахи.[1]
Историја
уредиРафо датира од 1919 година, кога Витантонио Рафо ја основал пиварницата во Таранто. Рафо бил во семејна сопственост до 1961 година сè до продажбата на Перони, кој го задржал оригиналниот рецепт, пиварницата и вработените. Во 1970-тите години, биле произведени 48.000 хектолитри пиво, што се продавало во Базиликата, Лацио и Кампанија. Регионот на Апулија секогаш одржувал најголема потрошувачка.
Во 1987 година, Перони одлучи да ја затвори својата пиварница во Таранто и да го пренесе производството во Бари, ставајќи крај на важното поглавје од индустриската историја на градот. Сепак, Рафо продолжило да биде најпопуларното пиво на Таранто.
Во 2008 година, Перони го додал Тарас, симболот на Таранто, на етикетата на пивото. Пивото го спонзорира градскиот фудбалски клуб Таранто од 1927 година.
Наводи
уреди- ↑ Bray, Chad; Soble, Jonathan (2016-02-10). „Asahi Group Offers to Buy Peroni and Grolsch for $2.9 Billion“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2022-08-09.