Расофор
Расофор — првиот, најнизок степен на искушение и монашка служба во православието.[1]
Верникот кој сака да се замонаши на почетокот се прима како искушеник во манастирот. Косата му се потстрижува во облик на крст, се читаат одредени молитви и на искушеникот му се дава право да носи расо и камилавка. Тој не дава завет и не добива ново црковно име. Искушеникот во овој степен сè уште е слободен да се врати во светот без да го прекрши своето ветување (завет) пред Бога.[2]
Искушеникот во овој степен се нарекува уште инок или расофорен монах.
Следниот степен во монашкото служење е схима.
Наводи
уреди- ↑ Пущаев, Юрий (26-12-2014). „Схима: монах и «схема» ангела“ (православно интернет издание) (руски). Фома. Посетено на 9-08-2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Атонски беседи. Отговори на атонския старец Иосиф Ватопедскина въпроси на поклоници“ (pdf). Издава се с благословението на славянобългарския манастир „Св. Вмчк Георги Зограф“. стр. 50. Посетено на 10-08-2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)