Расизам во Бразил

Расизмот во Бразил – еден од главните проблеми уште од колонијалната ера и ропството наметнато од Португалците, што довело до маргинализација на црното население во Бразил. Со години проблемот бил предмет на интензивни дебати со неколку владини мерки насочени за ублажување на најинтензивните јазови.[1][2] Според бразилските закони против дискриминацијата, расистичките изјави се незаконски, но не успеале да ги елиминираат.[3]

Црн бездомник на плоштадот Саваси во Бело Хоризонте.
Цртеж на ѕид на Федералниот универзитет Флуминезе, со текст "поранешен црн студент".

Од друга страна, со оглед дека Бразил е мултикултурна земја [4], без никакви траги од национално расно единство, со население формирано со имиграција од повеќе страни на светот, другите етнички групи се помалку подвргнати на дискриминација, ако воопшто и ја има.

Истражување

уреди

Истражувањето објавено во 2011 година покажува дека 63,7% од Бразилците веруваат дека расата е поврзана со квалитетот на живот. На работа: 59%
Во однос на полициска правда: 68,3%

Резултатите од истражување во 2008 година покажуваат дека луѓето не се изненадени од оваа разлика иако голем процент од населението е црно или со црно потекло, тие претставувале само 8% од избраните 513 претставници на последните избори. Платите на белците, во просек, се 46% поголеми од ние на црнците. Разликата би можела да се објасни со разликите во образование.[5]

Според Иванир дос Сантос (поранешен експерт во Министерството за правда за расна проблематика), „Постои хиерархија на бојата на кожата според која се очекува црните, мешаните и темнокожите да го знаат нивното место во општеството.“[6]

Студија за наставничкото оценување во Бразил покажала дека бразилските наставници по математика им даваат подобри оценки на белите ученици, при ист резултат, отколку на црните.[7]

Расни индикатори

Индикатори Бели Бразилци Црни и мултирасни Бразилци
неписменост[8] 5,9% 13,3%
Високо образование[9] 15,0% 4,7%
Надежен животен век[10] 73,13 67,03
Невработеност[11] 5,7% 7,1%
БДП по жител[12] R$ 22.699 R$ 15.068
Стапка на убиства[13] 29% 65,5%

Историја

уреди

Историјата на расизмот во Бразил Историјата на расизмот во Бразил може да се каже дека започнува со доаѓањето на Педро Алварес Кабрал во земјата. Ова е евидентирано во писмото на Перо Ваз де Камиња кој Индијанците ги карактеризира со:„целите голи, нивниот срам со ништо непокриен.“ Дополнително, тој ја возвишува „белоста“ на Европејците во однос на Индијанците.[14]

Во XIX век било укинато ропството во Бразил, а робовите биле ослободени. Сепак, ним и на нивните деца им било ускратено правото на сопственост на земјиште, школување, домување, вода и струја.[15]

За време на колонијалната ера во Бразил, ропството било тешко и насилно. Општеството било структурирано во ригидна хиерархија на расите. Црните робови, главно од Африка, имале селективен процес врз основа на критериуми како боја на кожата, националност и пол.

Робовите, за време на интензификацијата на производството на шеќер во земјата, работеле во мелниците за шеќер.

Се разбира, имало многу револти и реакции вклучувајќи ги и киломбу – места каде наоѓале прибежиште робовите. Киломбуата настанале како начин на отпор на ропството, но како реакција владата развила разни начини да го одржува репресивниот државен апарат направен да ги уништува киломбуата..[16][17]

 
Јавно камшикување на роб

Многу ослободени робови прибегнале кон трговија со африкански робови, како што е примерот на Хосе Франциско дос Сантос, познат како Зе Алфаијат [18], чие писмо до трговецот Бахија говори за неговите тешкотии да ги жигосува робовите со вжештено железо [19]

Бандеирантите, истражувачи кои во потрага по богатство и злато навлегле во далечните делови на Бразил, извршиле злосторства врз домородното население, кое било комплетно десеткувано и фрлено во робје.[20]

Ропството било укинато во 1888 година со Златниот закон [21][22] потпишан од принцезата Изабела. Декретот не бил донесен од хуманитарни, туку од политички причини. Иако и Педро I и Педро II биле против ропството, истото е укинато многу доцна. Обединети нацииОбединетите нации го дефинира расизмот како структурен проблем во Бразил.[23]

Стапка на убиства

уреди

Била направена студија за убиствата во Бразил во периодот од 2000 до 2009 година. Променливите биле раса/боја на кожа, пол и образование. Статистиката на убиства била добиена од Информацискиот центар за смртност. При анализата на трендот користена е полиномна регресија на историските временски низи (p < 0,05, 95% интервал на доверба). Црното и мултирасното население претставувало 69% од жртвите во 2009 година. Стапката на убиства пораснала кај црното население додека се намалила кај белото во периодот на студијата. Стапката на убиства пораснала и кај пообразованото и понеобразованото црно население, кај белото се намалило понеобразованите, а била стабилна кај пообразованото.

Во 2009 година, црното население било со повисок ризик за убиство од белото без разлика на нивото на образование. Меѓу 2004 и 2009 година, стапката на убиства се намалила кај белото население, додека се зголемила кај црното.[24]

Во 2008 година, биле убиени 111,2% повеќе црни отколку бели жители на Бразил. Состојбата е уште полоша кај младите (15-24 години). Кај белото население, бројот на убиства паднал од 6.593 на 4.582 од 2002 до 2008 година, пад од 30%, додека пак кај младото црно население пораснал од 11.308 на 12.749, раст од 13%. Во 2008 година биле убиени 127,6% повеќе млади црни луѓе отколку бели, додека десет години претходно таа разлика била 39%.

Во државата Параиба во 2008 година, бројот на убиено црно население било 1083% повеќе од белото, додека тој процент изнесувал 974,8% во државата Алагоас. Во 11 држави тој процент изнесувал повеќе од 200%.[25]

Наводи

уреди
  1. http://carassonet.org/Sergio/www.oindividuo.org/wp-content/uploads/2010/01/1997.12.03-Veja-Rio-Individuo-Polemico.jpg
  2. http://carassonet.org/Sergio/www.oindividuo.org/wp-content/uploads/2010/01/1997.11.20-PUC-Rio-A-Toda-A-Comunidade-Academica-da-PUC-Rio.jpg
  3. Since Established In The 1950s, Brazilians Say Anti-Racism Laws Aren't Enough
  4. „Multiculturalismo no Brasil“. webcache.googleusercontent.com.
  5. Brazilians Think Race Intefere [sic] on Quality of Life, but not Everyone is Concerned About Equality (англиски)
  6. Racial Inequality in Brazil (англиски)
  7. Botelho, Fernando; Madeira, Ricardo A.; Rangel, Marcos A. (October 2015). „AEJ: Applied (7,4) p. 37 - Racial Discrimination in Grading: Evidence from Brazil“. American Economic Journal: Applied Economics. 7 (4): 37–52. doi:10.1257/app.20140352.
  8. Illiterecy between Whites and Blacks in Brazil (португалски)
  9. [„Academic degree between Whites and Blacks in Brazil (португалски). Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2017-10-08. Academic degree between Whites and Blacks in Brazil (португалски)]
  10. [„Life expectancy in Brazil (португалски). Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2017-10-08. Life expectancy in Brazil (португалски)]
  11. [„Unemployment in Brazil (португалски). Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2017-10-08. Unemployment in Brazil (португалски)]
  12. GDP per capita in Brazil (португалски)
  13. http://ultimainstancia.uol.com.br/conteudo/colunas/54059/mais+de+65%25+dos+assassinados+no+brasil+sao+negros.shtml Архивирано на 17 ноември 2016 г. Homicide rate in Brazil (2009) (португалски)]
  14. http://www.acaoeducativa.org.br/fdh/wp-content/uploads/2013/03/Tatiana-Botosso.pdf
  15. [„Apartheid in Brazil (англиски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на англиски]]“. Архивирано од изворникот на 2017-01-02. Посетено на 2017-10-08. URL–wikilink conflict (help) Apartheid in Brazil (англиски)]
  16. Schwarcz, Lilia Moritz; Starling, Heloisa Maria Murgel (2015). Brasil: uma biografia (португалски). Companhia das Letras. ISBN 9788535925661.
  17. Costa, Marcos (2016). A história do Brasil para quem tem pressa (португалски). Valentina. ISBN 9788558890144.
  18. Narloch, Leandro (2012-02-28). Guia politicamente incorreto da história do Brasil (португалски). Leya. ISBN 9788562936982.
  19. Guran, Milton (1999-01-01). Agudás: os "brasileiros" do Benim (португалски). Editora Nova Fonteira. ISBN 9788520910672.
  20. „Bandeirantes“. InfoEscola (португалски).
  21. „LIM3353“. www.planalto.gov.br.
  22. „Legislação Federal do Brasil“. legislacao.planalto.gov.br.
  23. „Grupo da ONU reconhece racismo como problema estrutural no Brasil“. EBC (португалски).
  24. Homicide victimization according to racial characteristics in Brazil (англиски)
  25. 1 white is die in Brazil to 2 blacks die (португалски)