Реомирова скала

температурна скала

Реомирова скала (°Ré, °Re, °r) — температурна скала кај која точката на мрзнење и точката на вриење на водата се определени како 0 и 80 степени. Наречена е по францускиот научник Рене Реомир, кој прв предложил слична скала во 1730 г.[1]

Стар германски топломер со Реомирови и Целзиусови степени.

Промени во скалата

уреди

Топломерот на Реомир содржел растворен алкохол (етанол) и почнувал од 0° како точка на мрзнење на водата, а секој степен е ширење на течноста за една илјадитина. Предложил дека треба да се концентрација на алкохол која ќе врие на 80 °Ré, односно ќе ја прошири зафатнината за 8 %. Се решил за алкохол место жива бидејќи првоспоменатиот се шири повоочливо, но ова предизвикало потешкотии: неговите први топломери биле мошне гломазни и непогодни во многу ситуации поради ниската точка на вриење. Изработувачите на инструменти ставале поинакви течности, но се држеле до 80 °Ré како точка на вриење на водата, што предизвикувало доста забуни. Во текот на 1772 г. Жан Андре Делик проучил неколку супстанции кои тогаш се користеле во топломерите и заклучил дека живата е најпрактична; на пример, ако се помешаат две еднакви количини вода на x и y степени, добиената температура ќе биде просек од x иy, а овој однос меродавно се запазува само кога се користи жива. Почнувајќи од крајот на XVIII век сите топломери работеле на жива.[2] Опсегот останал од 0 до 80 степени.

Примена

уреди

Реомировата скала била широко застапена во Европа, особено во Франција, Германија и Русија, и се споменува во делата на Достоевски, Флобер, Толстој и Набоков. На пример, на почетокот на Книга X од „Браќа Карамазови“, раскажувачот вели „Имавме мраз на единаесет степени“, т.е. −11°Ré, што е −14 °C. By the 1790s, France had chosen the Целзиусовата скала scale as part of метричкиот систем, rather than the Réaumur measurement,[1] but it was used commonly in some parts of Europe until at least the mid-19th century,[3] and in parts of Русија сè до почетокот на XX век. Денес се користи во некои фабрики во Италија и Швајцарија за мерење на температуратата на млекото при производството на сирење,[4] и во Холандија при подготвувањето на шербет за десерти и бонбони.

Формули за претворање на Реомирова скала
од Реомирова скала во Реомирова скала
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

Претворање на разни температурни единици

уреди

(C/100) = (F − 32)/180 = (K − 273,15)/100 = (R/80)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Simons, Paul. The Times 2007 http://www.октомври 2007 Проверете ја вредноста |url= (help). Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]
  2. Herbert Dingle. The scientific adventure: essays in the history and philosophy of science. Sir Isaac Pitman and Sons, London, 1952. стр. 131.
  3. Draper, John William (1852). Textbook on chemistry. New York: Harper and Brothers. стр. 20.
  4. Реомиров топломер за пармезан) (англиски)

Надворешни врски

уреди