Рамковна конвенција на ОН за климатски промени

Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (англиски: United Nations Framework Convention on Climate Change — UNFCCC) е меѓународен договор чија цел е „стабилизирање на стакленичките гасови до ниво кое би ги спречило негативните антропогени влијанија врз климатскиот систем“. Била усвоена на 9-ти мај 1992 година додека самото потпишување на конвенцијата била одржано за време на Земјиниот самит во Рио де Жанеиро од 3 до 14 јуни 1992 година. Се применува од 2 март 1994 година кога била ратификувана од страна на 50 држави. Самата конвенција не поставува обврзувачки рамки за емисија на стакленички гасови за одделни држави, ниту пак механизми за спроведување. Наместо тоа, конвенцијата зборува за тоа како идните меѓународни договори кои ги делат целите со конвенцијата ќе преговараат.

Државите потписнички на конвенцијата се состануваат секоја година од 1995 година на Kонференции на заинтересираните страни (Conference of Parties) како би го процениле напредокот во решавањето на климатските промени. Во 1997 година бил склучен Протоколот од Кјото и биле воспоставени правно обврзувачки мерки за развиените земји за намалување на емисиите стакленички гасови за период од 2008–2012 година.[1] Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени од 2010 донела договор во кој се наведува дека глобалното затоплување требало да се ограничи на под 2,0°C во однос на прединдустриското ниво.[2] Протоколот бил изменет и дополнет во 2012 година со цел да се опфати периодот од 2013-2020 година со т.н. Амандмани од Доха, кои до декември 2015 година не стапиле во сила. Во 2015 година бил усвоен Парискиот договор кој го регулирал намалувањето на емисиите од 2020 година преку обврските на земјите со квоти за максимална емисија на стакленички гасови, со цел да обезбеди максимално зголемување на температурата од 1,5°C. Парискиот договор стапил на сила на 4 ноември 2016 година.

Страни

уреди
 

Од 2015 година постојат со 198 страни од конвенцијата, вклучувајќи ги сите држави-членки на Организацијата на обединетите нации, набљудувачи на генералното собрание на Палестина, двете земји, који не се членки на ОН Ниуе и Куковите Острови, Европската Унија, и Светата столица, која е само набљудувач[3][4]

Наводи

уреди
  1. „What is the UNFCCC & the COP“. Climate Leaders. Lead India. 2009. Архивирано од изворникот на 27. 3. 2009. Посетено на 5. 12. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. King, D.; и др. (јул 2011), „Copenhagen and Cancun“, International climate change negotiations: Key lessons and next steps, Oxford, UK: Smith School of Enterprise and the Environment, University of Oxford, стр. 12, doi:10.4210/ssee.pbs.2011.0003, Архивирано од изворникот на 1. 8. 2013 Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archivedate= (help) PDF version is also available Архивирано на 13 јануари 2012 г.
  3. „Status of Ratification of the Convention“. United Nations Framework Convention on Climate Change. Посетено на 25. 6. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Parties to the Convention and Observer States“. United Nations Framework Convention on Climate Change. Архивирано од изворникот на 5. 7. 2013. Посетено на 25. 6. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди