Размер HO

размер во железничкото моделарство

HO (H0 во континентална Европа) е најпопуларен размер во железничкото моделарство во најголемиот дел на светот.

Размер HO
Пример на големина на модел со размер HO и молив за споредба
Размер 3,5 мм на 1 стапка
Сооднос 1:87 (Европа)
1:87,1 (САД)
Стандард(и) NEM (Европа),
NMRA (САД)
Макетен колосек 16,5 мм
Прототипски колосек нормален

Името е добиено од германскиот израз Halb-null што значи половина-нула, бидејќи 1:87 размерот е приближно половина од размерот О.

Според размерот HO, 3,5 мм претставува 1 стапка; овој несмасен однос e околу 1:87,086. Така што во размерот HO меѓупросторот помеѓу шините обично е 16,5 мм независно кој од моделите е од стандардните пруги на 4'8,5".

Историја

уреди

HO скалата за првпат се појавува во Англија во 1930 година, како алтернатива на размерот ООта, која се потврдува како несоодветна за моделите на возови. Нејзината популарност и практичност ја зафаќа во доцните 1950-ти години и Америка.

Во 1960 година популарноста на размерот HO веќе ја надминува и размерот О.

Денес размерот HO е најпопуларна железнички моделарски размер, нарочно во континентална Европа и Северна Америка, за разлика од размерот ОО кој е сѐ уште најпопуларен во Англија.

Варијанти

уреди

HO скалата има повеќе потесни линии како претставници на теснолинејски железнички линии како одговор на нормалната линија во размер HO.

Варијации на размерот HO
Размер
Прототип
Забелешка
HO
16,5 мм
1435 мм колосек
HOm
12 мм
метарска
1000 мм колосек
HOn3 - 1/2
12 мм
3'6"
3'6" е стандардна ширина во Африка, Австралија, Нов Зеланд и сите други линии освен линиите на „Шинкансен“ во Јапонија
HOn3
10,5 мм
36"
 
HOn30 / HOe
9 мм
30"
Типично за линии во 24-30" ширина, особено HOe од 750 мм која постои во поранешните југословенски простори.
HOz / HOf
6,5 мм
15"
Популарен HOf во Европа и во Република Македонија поради постоењето на теснолинејка од 600 мм.

Надворешни врски

уреди

Надворешни врски во дискусиони групи

уреди

Поврзано

уреди