Добре дојдовте!

Здраво, Mathonius, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Brest-bot (разговор) 07:46, 15 декември 2010 (CET)

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 годинаУреди

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 15:01, 19 октомври 2011 (CEST)

Покана за Вики средбаУреди

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:01, 1 март 2012 (CET)