Разговор со корисник:MacedonianBoy/Правилник

Последен коментар: пред 13 години од MacedonianBoy на темата Барбадос

Тринидад и Тобаго Ок

уреди

en:Trinidad and Tobago дава Trinidadian, Tobagonian. Јас лично би одел на полесната варијанта: „тринидадски“. Мислам дека нема да има забуни. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:35, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Мене ми е ОК. Значи да не го користиме и Тобаго? Сложенка би била тринидадско-тобагојски. А за народ? Обично има посебна придавка за народ и посебна за држава.--Никола Стоіаноски 12:39, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Не ќе да е „-јски“ (гледам и кај Тонга си го ставил), не знам од кај ти е тоа :) Ако име нешто, тогаш е „тобаговски“ (значи „-овски“), но сè зависи од случај до случај. Покрај тоа, не се користат сложенки при придавки, исто како што не користи англискиот. Само тринидадски и толку. Се користи секогаш само по едно. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:42, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Тоа ми е од правописот, таму е така пишано тонгајски. ОК е за тринидадски. --Никола Стоіаноски 12:44, 30 октомври 2011 (CET)Одговори


Антигва и Барбуда Ок

уреди

Која е придавката за оваа држава?--Никола Стоіаноски 12:40, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Demonym: Antiguan, Barbudan, што значи антигвански или барбудански. Наведи ги двете така. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:44, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
ОК.


БелизеОк

уреди

Е ова во правописот е многу чудно. Наведено е како Белисе, Белисејка, Белисеец, белисејски. Подобро е Белиски?--Никола Стоіаноски 12:46, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

„белиски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:47, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
ОК.--Никола Стоіаноски 12:55, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Брег на Слоновата Коска

уреди

Придавка за ова?--Никола Стоіаноски 12:53, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Туркс и Кајкос

уреди

Е ова е доста терсене. Англиската вели демоним: Turks and Caicos Islander и толку. Консултирајќи го списоков: en:Adjectivals and demonyms for countries and nations, гледам дека ова е демоним, но под придавка стои none :) --Б. Јанкулоски (разговор) 12:52, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Мислам дека мора да имаме придавка за оваа територија. По фонетскиот принцип би дошло турчки и кајкоски. Второто ми звучи ОК, ама првото е ептен чудно. --Никола Стоіаноски 12:54, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Да, ама во кајковски (мора да е со в) е нејасно за што станува збор. Некако не ми оди...инаку и англискиот ќе имаше. Можеби ќе мораме сепак да направиме сложенка „туркокајковски“ :). Не знам, кажи што мислиш --Б. Јанкулоски (разговор) 12:57, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Ми се допаѓа сложенката. Може да ја користиме. --Никола Стоіаноски 12:59, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Гвинеја-Бисау

уреди

Како е правилно името на оваа држава? Во правописот е Гвинеја-Бисао.--Никола Стоіаноски 13:00, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Да, при транслитерација на португалски поими, македонскиот се води по пишувањето, не изговорот. Затоа имаме Сао Паоло, не Паулу и сл. Веројатно е неправилно и она транслитерирање завршно -s како „-ш“ во бразилските географски поими (го имам забележано во статии).

Инаку за придавка, англискиот список вели дека за Гвинеја и Гвинеја-Бисао е едно исто - „гвинејски“.

Значи придавката е гвинејски, а името ќе го менуваме?--Никола Стоіаноски 13:29, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Името е утврдено одамна како „Гвинеја-Бисао“, па нека стои така (иако можеби не е исправно). --Б. Јанкулоски (разговор) 13:33, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Доминиканска Република

уреди

Доминиканска Република или Доминикана?--Никола Стоіаноски 13:05, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Едиственото име на земјата кај нас е Доминиканска Република. Списокот вели дека обете земји Доминиканска Република и Доминика имаат една иста придавка: „доминикански“, а на англиски се разликуваат по различно место на ставање на акцентот. Кај нас или треба да стојат исти, или да биде „доминикански“ и „доминички“. Кажи што мислиш дека е посоодветно. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:16, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Јас мислам дека треба да стојат исто, како што се придавките на ДР Конго - Република Конго, Гвинеја - Гвинеја-Бисау, Северна Кореја - Јужна Кореја. Нели се користат истите придавки?--Никола Стоіаноски 13:23, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Истите се, освен кај ДР Кореја и Р. Кореја вообичаено е „севернокорејски“ и „јужнокорејски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:29, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
ОК. --Никола Стоіаноски 13:31, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Екваторска Гвинеја

уреди

Екваторскогвинејски или гвинејски?--Никола Стоіаноски 13:06, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Англискиот список што го посочив за Екваторска Гвинеја дава Equatorial Guinean и Equatoguinean, што кај нас би морало да биде „екватогвинејски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:11, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Може екватогвинејски.--Никола Стоіаноски 13:24, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Исти придавки за различни држави

уреди

Дали да користиме исти придавки за две различни држави? Во прашање се: Гвинеја, Гвинеја-Бисао и Екваторска Гвинеја, ДР Конго и Република Конго, Северна и Јужна Кореја, Доминика и Доминиканска Република, Источен и Западен Тимор, Јужен и Северен Судан, Јужна и Северна Осетија, Република Кина и НР Кина, Северен и Јужен Кипар. Кои се придавките за овие држави?--Никола Стоіаноски 13:28, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Вака, по ред: гвинејски, гвинејски, екватогвинејски, конгоански, конгоански, севернокорејски, јужнокорејски, доминички, доминикански, источнотиморски, западнотиморски, јужносудански, северносудански, јужноосетски, северноосетски, тајвански, кинески, севернокипарски, јужнокипарски. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:35, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

ОК. --Никола Стоіаноски 13:38, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Не се користи „кинески“ за Тајван?--Никола Стоіаноски 13:40, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
значи „осетски“, без и (за државата со „и“) бидејќи народот се Осети, не Осетијци, а за Република Кина, само „тајвански“, инаку доаѓа до забуна. За Тајван не се користи кинески, дури ни на англиски, а кај нас како што ти е познато секогаш е „тајвански“ --Б. Јанкулоски (разговор) 13:42, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
ОК, поправив.--Никола Стоіаноски 13:44, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Реинион

уреди

Не го заборавај Реинион - „реинионски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:44, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Ако не е во табелата ќе го ставам.--Никола Стоіаноски 13:44, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Ниуе

уреди

Придавка за Ниуе?--Никола Стоіаноски 13:56, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

  • „ниуеански“, го имам користено повеќе пати. Исто и за Палау.

Обединети Арапски Емирати

уреди

Дали придавката е емиратски?--Никола Стоіаноски 13:58, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

  • да, „емиратски“. емирски е владетелска придавка.

Свазилендски

уреди

За државата е свазилендски? Свазиски е за народ колку што знам.--Никола Стоіаноски 14:01, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Света Луција, Свети Винсент и Гренадини и Свети Кристофер и Невис

уреди

Света Луција е целосно на македонски, но како е придавката? Свети Винсент и Гренадини е делумно на македонски (мислам треба да е Свети Винцент и Гренадини), но како е придавката? Свети Кристофер и Невис е целосно на македонски, но како е придавката? --Никола Стоіаноски 14:05, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Вака, еве за разни терсене земји:

  • Американски Девствени Острови - амердевственски (аналогно на постоечкото „америндиски“) и само „девственски“
  • Британска Индоокеанска Територија - индоокеански (населението се состои од Индуси и Тамилци)
  • Британски Девствени Острови - бритодевственски и само „девственски“
  • Буркина Фасо - буркински
  • Ел Салвадор - салвадорски
  • Кокосови Острови - кокосовски
  • Комори - коморски
  • Костарика - костарикански
  • Кукови Острови - куковоостровски
  • Монако - моначки
  • Нова Каледонија - новокаледонски
  • Папуа Нова Гвинеја - папуански
  • Питкернски Острови - питкернски
  • Порторико - порторикански
  • Сан Марино - санмарински
  • Сао Томе и Принсипе - саотомски
  • Света Елена - светоеленски
  • Света Луција - светолуциски
  • Свети Винцент и Гренадините - светивинцентски, винцентски
  • Свети Кристофер и Невис - кристоферски, китски, невиски
  • Свети Пјер и Микелон - светопјерски, микелонски
  • Северна Ирска - северноирски, ирски
  • Северни Маријански Острови - северномаријански
  • Француска Гвајана - франкогвајански
  • Француска Полинезија - франкополинезиски

Саудиска Арабија

уреди

Арапски или саудиски?--Никола Стоіаноски 14:09, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Брег на Слоновата Коска

уреди

За Брегот на Слоновата Коска, рускиот гледам дека се води по португалскиот официјален - „кабовердански“. Така нека биде и кај нас. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:33, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Мислиш „котивоарски“. Може да се користи. --Никола Стоіаноски 14:37, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Извини, работејќи 5 нешта во исто време се смешав со Зелен ‘Рт. Да, „котивоарски“. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:40, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Не е проблем. Готов е списокот, освен да се додадат некои независни територии. Веќе го предложив овој список, види Википедија:Правилник за именување држави и изведени придавки. Позз--Никола Стоіаноски 14:45, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Сега вршам подробна проверка и евентуални поправки, ама нека оди предлогот, сигурно нема сите да се затрчаат :) --Б. Јанкулоски (разговор) 14:48, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Патем, каде планираш да се истакнува правилникот и на кој начин да им се укажува на уредниците да го следат? --Б. Јанкулоски (разговор) 14:49, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Барбадос

уреди
Да, во правопис беше зимбабвејски, јамајски, барбадошки. Ако има поправки, можеш тука да поправаш, а сиот овој разговор ќе го префрлам на новата страна за разговор. Позз--Никола Стоіаноски 15:59, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Поправките веќе директно ги извршив. --Б. Јанкулоски (разговор) 16:02, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Ја префрлив сета содржина оваа страница тука и мислам дека завршивме добра работа. Ги известив сите корисници преку sitenotice. Сегашниот список е готов, а кога ќе имаме време треба:
  • да додадеме граѓанство/ националност
  • да ги додадеме останатите независни територии.

Поздрав--Никола Стоіаноски 16:07, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Претпоставувам мислиш на националност како државјанство и зависни територии (зависности)? --Б. Јанкулоски (разговор) 16:09, 30 октомври 2011 (CET)Одговори

Да, на пример придавката за Киргистан е „киргистански“, ама за народот е „Киргизиец“. Ама ќе ги додадеме кога ќе можеме, ако немаме време сега. Ни недостасуваат поголем број зависни територии и автономни региони (извини за грешката од претходно). Дали да ги додаваме тие или овој правилник да вклучува само независни држави?--Никола Стоіаноски 16:12, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Како и интересниот случај Кинез (м), Кинеска (ж) :) --Б. Јанкулоски (разговор) 16:21, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Да :) --Никола Стоіаноски 16:29, 30 октомври 2011 (CET)Одговори
Назад на корисничката страница на „MacedonianBoy/Правилник“.