Добре дојде!

Здраво, Jack mkd, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--brest 12:36, 6 јули 2007 (UTC)

Буџет на РМ уреди

Здраво, Jack mkd. Околу статијата Буџет на РМ: беше напишана на латиница и несоодветно форматирана. Доколку сакаш да пишуваш на Википедија, најдобро би било прво да се запознаеш со вики-форматот - одреден тип на стандардизација кога е во прашање изгледот и содржината на статиите. Прво и основно (и најважно), мора да користиш кирилична поддршка. Ако имаш некој текст напишан на латиница или во некој македонски фонт, можеш истиот и да го конвертираш - погледни овде за поопширно објаснување. Повеќе информации за начинот на којшто статиите се форматираат можеш да најдеш на специјализираната воведна страница на Википедија. Можеш слободно да екпериментираш овде. Сега за сега, твојата статија е делумно средена и безначајно малку форматирана, поради што сеуште не би можела да се смета за статија (или барем за добра статија). Во секој случај, изјасни се дали мислиш истата да ја средиш или ќе остане на списокот на статии за бришење на страницата за разговор на Буџет на РМ. Се потшишуваш на следниов начин: --~~~~ (две црти и четири тилди), односно кликнувајќи на копчето што е сместено второ од крај во редицата сместена веднаш над просторот за пишување. Поздрав, --Виктор Јованоски 14:20, 6 јули 2007 (UTC)