Добре дојде!

Здраво, Antonio Velinov, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 22:32, 8 април 2013 (CEST)Одговори

Езекил уреди

Здраво Антонио. Во самиот Правопис од 2017 г. пишува Езекил. Види стр. 207 под г). Пиши на гугл правопис 2017 година 2 издание и ќе го најдеш. Плус, ако е така, тогаш и Гаврил би се променил во Гав(б)риел, а во Библијата не е така. И на Руската вики е со ил и Српската. Мене ова ми изгледа нелогично да го сменат. Каде го прочита ова? Преведената Библија од која година е? Andrew012p (разговор) 14:46, 23 октомври 2021 (CEST)Одговори

Здраво Andrew. Па преводот е МК2006 (стандардна верзија - 66 книги). И онлајн се преведени како Езекиел и Даниел (https://www.bible.com/mk/bible/1501/EZK.1.MK2006), и во печатена форма ако ја купиш, така се преведени. Без разлика како е преведена во српската (Данило, Данила) или руската, сепак имињата го содржат зборот „ел“. Тоа е зборот за „Бог“. Затоа и нивните имиња значат „Бог е мојот судија“ (Даниел) и „ојачан од Бога; Бог зајакнува, засилува“ (Езекиел). Па, според тоа, правилен превод би требало да биде со „ел“. Поздрав :). ~~~~ Antonio Velinov (разговор) 08:44, 24 октомври 2021 (CEST)Одговори

Не знам... Јас мислам со „ил“ треба, но добро. :) Многу години наназад било со ил, сега одеднаш е сменето. А Гаврил? И тоа на англиски е со „ел“. Инаку, таа страна не е баш официјална со имињата. Имаат различни имиња за иста личност. Можеби може и со „ел“ и „ил“. Поздрав. Andrew012p (разговор) 11:02, 24 октомври 2021 (CEST)Одговори