Добре дојде!

Здраво, Angelakawaii, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! - Виолетова (разговор) 16:56, 27 октомври 2016 (CEST)Одговори

Леонардо да Винчи

уреди

Убаво е што вежбаш, Angelakawaii, но за Леонардо постои голема и добро средена статија на македонската Википедија - Леонардо да Винчи. Поздрав - Виолетова (разговор) 16:56, 27 октомври 2016 (CEST)Одговори

Леонардо да Винчи е роден во Винчи, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, на падините на планината Монте Албано, во непосредна близна на Емполи, како незаконски син на адвокатот Сер Пјеро ди Антонио да Винчи (1426 - 1504) и селанката Катерина. Постојат претпоставки дека Катерина била робинка од Блискиот исток, но фактите не се доволни за да се докаже оваа теорија. По раѓањето на Леонардо, нивната врска завршила и Леонардо останал да живее со татко му, кој истата година се преженил за 16-годишната Албјера ди Џовани Амадори. Неговата мајка се омажила за варничарот Акатабрига ди Пјеро дел Неговата мајка во 1457 год.

(Исто така тој многу бил заинтересиран кон): -Историјата,уметноста,астромонијата,xемијата,музиката и атамонијата


 Прв период во Милано:

Во 1469 год., Сер Пјеро изнајмил куќа во Фиренца и веројатно истата година, или малку порано, Леонардо ја започнал праксата кај познатиот живописец и скулптор Андреа дел Верокјо (1436-1488)

кој бил пријател со татко му на Леонардо. Учејќи кај Верокјо, Леонардо ги оформил своите интереси и се здобил со првите знаења одархитектурата, анатомијата, и математиката. Во 1472 год., Леонардо ја завршил обуката и бил примен во здружението на фирентинските уметници Св. Лука, што покажува дека тој веќе го достигнал нивото на професионална самостојност. Во април 1476 год., Леонардо бил анонимно обвинет за хомосексуални односи  со 17-годишниот помошник Јакопо Салтарели, а во јули истата година, тој бил повторно обвинет, но сепак, никогаш не бил казнет  веројатно поради недостиг од докази.

Во текот на 1472 - 1480, Леонардо сè уште работел во работилницата на Верокјо, помагајќи му во изработката на некои негови познати дела како што е Крштевањето на Христос (1472 -1475), каде што Леонардо ги насликал ангелот и делови од пејзажот. Најраното познато дело на Леонардо потекнува од 1473 год. - цртежот Пејзаж на долината Арно, кој што денес се чува во музејот Уфици во Фиренца.

 Овој период потекнува и сликата Благовештение (1472 -1475), која му се припишува на Леонардо, но тоа не е сосема проверено, туку е поверојатно дека негови се само некои делови.
Додека работел кај Верокјо, Леонардо изработил и неколку сопствени помали дела, како:
Мадона со каранфил (1475) и Мадона Беноа (1475-1478)
Мадона со каранфил е првото дело за кое се верува дека е целосно насликано од Леонардо и во него јасно се гледа влијанието од фламанските мајстори и од делата со слична тематика, изработени од Верокјо.
Покрај сликарството, Леонардо го изучувал и вајарскиот занает, за што сведочи скулптурата Дамата со јаглики од 1475 год., за која се верува дека е изработена од Леонардо.

Во годините кога Леонардо ја завршувал праксата кај Верокјо и се оформувал како самостоен уметник, во Фиренца постоела голема конкуренција од многу познати уметници, така што Леонардо добивал само порачки за малечки дела.

Во 1478 год., веројатно со посредство на татко му, Леонардо ја добил првата самостојна порачка: 

Да наслика олтарна икона во капелата на седиштето на тогашната општина, Палацо Векјо, но не ја завршил работата, а веројатно, воопшто не започнал да работи на ова дело, иако три месеци по потпишувањето на договорот, Леонардо добил аванс од 25 златни дукати. Истата година, по порачка на Бернардо Бембо, Леонардо го започнал Портретот на Џиневра де Бенчи (1478 - 1480), создаден под влијание на фламанските мајстори. Овој мал портрет е првото дело за кое постои сигурна документација дека е изработено од Леонардо. Во март 1481 год

Веројатно повторно преку татко му ( кој ги водел деловните работи за потребите на манастирот ) Леонардо ја добил втората голема порачка:
да ја наслика големата олтарна икона Восхитувањето на мудреците во Сан Донато а Скопето  -манастирска црква во околината на Фиренца.
Повторно, Леонардо не ја завршил работата, а недовршена останала и олтарната икона на Св. Хероним, започната малку порано.


Втор период во Милано

Вториот милански период во животот на Леонардо да Винчи го опфаќа времето од летото 1506 година до есента 1513 год. Притоа неколку пати Леонардо се враќал во Фиренца во врска со недовршената работа во Палацо Векjо, а особено околу поделбата на наследството, кое останало по смртта на татко му во 1504 година. Во Милано, тој живеел како прочуен сликар, иако бил сè помалку активен во сликарството, предавајќи им се на другите области кои го интересирале. Во август 1507, Леонардо повторно добил прилика да ја оствари својата идеја за споменик на коњаник: Имено, командантот на француската војска при опсадата на Милано, генералот Џанџакомо Тривулцјо оставил голема сума пари, наменета за изградба на спомен-обележје по неговата смрт. Кога Леонардо му ја претставил својата идеја за монументален споменик, Тривулцјо бил воодушевен и ги напуштил првичните скромни планови за својата гробница. Споменикот на Тривулцјо бил замислен во стилот на споменикот на Сфорца, при што, повторно, првичните скици од (1507 - 1509 год). предвидувале композиција со силна динамика (коњ исправен на задните нозе, борба меѓу два воини ). но во последната верзија од 1508-1512 год. Леонардо се одлучил за поскромно решение. Меѓутоа, наспроти неколкугодишните подготовки, на крајот, Тривулцјо одлучил да не го оствари проектот, па така, пропаднала и оваа можност за создавање монументално дело.

Во однос на сликарството, вредно е да се истакне дека во 1507 год., Леонардо ја започнал новата верзија на Дева Марија на карпите, која со судската пресуда бил обврзан да ја предаде на францисканското братство, кое ја порачало иконата. Во август 1508 год, Леонардо ја завршил втората верзија на Дева Марија на карпите и веројатно ја насликал Леда и лебедот, но оваа слика е изгубена и за неа се знае само врз основа на пишуваните извори и бројните копии. Исто така, Леонардо продолжил да работи на своите недовршени дела (на пример, Дева Марија и Исус со св. Ана) и се занимавал со анатомски истражувања, особено во текот на 1510-1512 год. При што предмет на неговото проучување биле мускулатурата, скелетот, движењата, функциите на срцето итн. Притоа, за разлика од претходните анатомски цртежи, овие биле засновани врз сопствени испитувања, направени на човечки трупови. Како резултат на овие проучувања, Леонардо оставил бројни студии на човечкото тело, кои со векови претставувале најпрецизни анатомски цртежи, кои биле далеку пред своето време. Сепак, имајќи ги предвид околностите што владееле во тоа време (во прв ред, ставот на црквата кон анатмоските истражувања), цртежите што ги направил Леонардо останале заборавени и не оставиле поголемо влијание врз развојот на медицината.

Во 1511 год., ненадејно умрел патронот на Леонардо - Шарл д'Амбоа, а на 23 декември 1512 година, Максимилиjан Сфорца, син на Лудовикo Сфорца, влегол во Милано и ги протерал французите Во септември 1513 год., Леонардо го напушил градот и заминал во Рим, заедно со неговиот нов патрон Џулијано де Медичи, брат на папата Лав Х. Во Рим.

    -Angelakawaii