Добре дојдовте!

Здраво, *Aussie*, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 09:06, 5 јануари 2012 (CET)Одговори

Одлична работа уреди

Здраво. Најпрво би сакал да Ви посакам топло добредојде на Википедија на македонски јазик. Ги забележав Вашите уредувања и мислам дека статиите торта и пита се одлични. Ве охрабрувам да продолжите со одличните придонеси и понатаму, а доколку имате прашања во врска со уредувањето или општо со Википедија, слободно може да ме прашате. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:00, 5 јануари 2012 (CET)Одговори


Надополнување уреди

Секако дека ќе продолжам со работа. Исто така, ги имам закачено и статиите за Калифорнија и Ијан Торп, но тогаш имав друго корисничко име. Сега закачив уште три: сладолед, торта и пита и се надевам дека сите тие ќе им се допаднат на македонските читатели. *Aussie* (разговор) 15:18, 5 јануари 2012 (CET)Одговори

Наградени сте! уреди

  Награда за активизам
Еве и мал знак на почит за активизмот кој го покажувате. Kiril Simeonovski (разговор) 15:55, 5 јануари 2012 (CET)Одговори