Разговор за Википедија:ВикиПроект Астрономски објекти

Превод на астрономските објекти

уреди

Ок, сакам да се изјаснам дека најголемиот дел на астрономски објекти се всушност латински зборови или имиња на божества, па мислам дека нема проблем околу соодветниот превод. Главните имиња на соѕвездијата ќе си останат на кирилица (пр. Змеј, Бик и сл.), но како што имам забележано и на другите кирилични изданија на Википедија што имаат вакви статии преовладува оригиналниот наслов на латиница, па се согласувам да си остане оригиналниот наслов.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:16, 18 јануари 2009 (UTC)

И јас го делам истото мислење. Оригибал е оригинал поради тоа што имиња има премногу и не е толку битно дали ќе бидат на македонски јазик или на латински (или англиски). Поз-- MacedonianBoy  Oui? 18:33, 18 јануари 2009 (UTC)
Јас соѕвездијата и ѕвездите со имиња ги оставам и со нашето именување за нив и во оригинал... мора да ги има, не се знае кој како ќе бара на пребарувач, па треба да му овозможиме да најде... ама за астероидите - нема македонски имиња, тие си се, единствено транскрипција може како дополнително да се стави (со пренасочување, мислам) --Виолетова 18:46, 18 јануари 2009 (UTC)
Назад на проектната страница „ВикиПроект Астрономски објекти“.