Разбеснетост (филм)

„Разбеснетост“ или „Безумност“ или „Споулавеност“ (англиски: Frenzy) — американски филм од 1972 година во режија на Алфред Хичкок. Сценариото го напишал Ентони Шафер (Anthony Shaffer) според романот на Артур Ла Берн (Arthur La Bern). Главните улоги ги играат: Џон Финч (John Finch), Бери Фостер (Barry Foster), Алек Мекоуен (Alec McCowen), Ана Меси (Anna Massey), Барбара Леј-Хант (Barbara Leigh-Hunt), Џин Марш (Jean Marsh), Бернард Крибенс (Bernard Cribbens), Вивиен Мерчант (Vivien Merchant) и Клајв Свифт (Clive Swift). Овој интригантен, возудлив и бизарен трилер е првиот филм на Хичкок снимен по неговото враќање во Британија. Филмот е мајсторски режиран и се одликува со прецизен ритам и со живописни ликови. Обработувајќи ја својата омилена тема (невиниот поединец кој мора да ја докажува својата невиност), во позадината Хичкок нуди песимистичка слика на отуѓеното и хаотично британско општество.[1]

Содржина

уреди

Поради несогласувањата, келнерот Ричард (го игра Финч) дава отказ во пабот, наспроти негодувањето на колешката Барбара (ја игра Меси). Додека полицијата пронаоѓа убиена девојка во Темза, жртва на серискиот убиец наречен „Убиецот со кравата“, Ричард најпрвин го посетува стариот пријател Роберт, сопственик на продавница, а потоа ја посетува својата поранешна сопруга, привлечната Бренда (ја игра Леј-Хант). Изутрината, тој дознава дека Бренда е новата жртва на убиецот. Врз основа на сведочењето на секретарката на Бренда (ја игра Марш), полицискиот инспектор Тим Оксфорд (го игра Мекоуен) заклучува дека Ричард е серискиот убиец. Така, Ричард е принуден да бега, а во тоа му помага Барбара...

Наводи

уреди