Радиолуминисценција

Радиолуминисценцијата е феномен при кој луминисценцијата односно зрачењето на светлина се предизвикува во одреден материјал преку бомбардирање со јонизирачко зрачење, најчесто со бета-честички. Типичен пример за радиолуминисцентен материјал е трициумот, односно изотопот на водородот со два неутрона, кој се искористува како состојка во луминисцентните бои што предизвикуваат светење на бројките кај одредени часовници. Уште еден употреблив радиолуминисцентен материјал е веќе застарената смеса на радиум и цинк сулфид допингуван со бакар која, слично како и трициумот, се користела како луминисцентна боја кај часовниците.

Радијален часовник од 1950 година, изложен на ултравиолетова светлина да ја зголеми луминисценцијата