Раде Верговиќ

српски сликар

Радомир Раде Верговиќ (1939) бил српски сликар и глумец.

Животопис

уреди

Роден е во Ужице во 1939 година. Во младоста бил одличен гимнастичар, а потоа и талентиран глумец. Како животна определба го избрал сликарството. Дипломирал на Вишата педагошка школа, а потоа и на Академијата за применета уметност во Белград.[1]

Работел во Ужице „Вести“ како уметнички и технички уредник, бил директор на печатницата „Рујно“. Добитник е на најважната еснафска награда УЛУПУДС за животно дело.[2] Публиката се запозна со делата на Верговиќ во 40 самостојни и околу 200 колективни изложби.[3]

Српската и југословенската публика го паметат од филмот „Вратата останува отворена“ од 1958 година, во режија на Франтишек Чап. Ја играше главната улога со Милена Дравиќ, на која тоа и бил прв филм во кариерата.[4][5] Имаше уште една епизодна улога во филмот Наш автомобил, по што целосно се посветил на сликарството. Во јуни 2018 година одржал ретроспективна изложба на која беа опфатени околу 300 експонати, масла на платно, цртежи, графики, карикатури, графички решенија за книги и весници, создадени од 1960 до 2018 година.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Радомир Верговић: Милена Дравић и ја били смо пар“. Вечерње новости. 27 октомври 2018. Посетено на 26 април 2020.
  2. „Живот од филмског до сликарског платна“. Политика. 23 април 2018. Посетено на 26 април 2020.
  3. „Миленин партнер из првог филма“. РТВ БН. 24 ноември 2018. Посетено на 26 април 2020.
  4. „Prvi užički filmski glumac“. uzicanstveno.rs. 21 декември 2017. Посетено на 26 април 2020.
  5. „On je bio PRVI PARTNER Milene Dravić na filmskom platnu i doživeo je da mu zbog toga KLIČU POD PROZOROM“. Блиц. 6 јануари 2018. Посетено на 26 април 2020.
  6. „Slikar boje, lepote i dobrote“. Данас. 6 јуни 2018. Посетено на 26 април 2020.

Надворешни врски

уреди