П.С. Те сакам (филм)

П.С. Те сакам е филм-драма режиран од Ричард ла Гаванезе во 2007 година. Сценариото на ла Гаванезе и Стивен Роџерс се темели на истоимениот роман од Сесилија Ахерн од 2004 г. Филмот е посветен на споменот на Виндланд Смит Рајс, сестра на продуценткaта Моли Смит.

„П.С. Те сакам“
Филмски плакат
РежисерРичард ла Гаванезе
ПродуцентВенди Финерман
Бродерик Џонсон
Ендру Косов
Моли Смит
Главни улогиХилари Свонк
Жерард Батлер
Лиса Кудров
Џина Гершон
Џефри Дин Морган
Кети Бејтс
Хари Коник
Нели Мекеј
МузикаЏон Пауел
КинематографијаТери Стејси
МонтажаСејвид Мориц
СтудиоAlcon Entertainment
Grosvenor Park Productions
2S Films
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиерадекември 21 2007 (2007-12-21)
Времетраење125 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$30 милиони
Бруто заработка$156,835,339

Содржина

уреди

Холи и Гери се брачен пар кој живее во „Lower East Side“ во Менхетен. Тие многу се сакаат, но повремено и се караат. Гери ненадејно починува од тумор на мозок и тогаш Холи сфаќа колку тој и значи и колку незначајни биле нивните караници.

Длабоко повредена, Холи се изолира од нејзиното семејство и пријателите сè до нивната ненадејна посета на нејзиниот триесетти роденден. Тие се цврсто решени да ја присилат младата вдовица да се соочи со иднината и да реши што ќе работи во иднина. Откако ќе се соберат и ќе и помогнат на Холи да го доведе во ред станот, ќе пристигне торта со порака од Гери. Тоа ќе биде само првата од повеќето значајни пораки, кои тој организирал да и бидат испорачани по неговата смрт, сите завршувајќи со п.с. те сакам. Како што поминува времето, секоја нова порака ја исполнува со храброст и ја праќа во нова авантура. Мајката на Холи, Патриша верува дека писмата на Гери ја држат Холи врзана за минатото. Но тие, всушност, ја водат кон иднината. Водејќи се по зборовите на Гери, Холи ќе отиде на патување.

Гери организирал патување за Холи, Дениз и Шарон во неговата родна земја, Ирска. Таму тие ќе го запознаат Вилијам, пејач кој Холи многу ја потсетува на нејзиниот покоен сопруг, а случајно е и негов пријател од детството. За време на одморот Дениз им кажува дека се верила, а Шарон им открива дека е бремена. Вестите ќе и предизвикаат на Холи повторување на емоционалниот колапс и од тага повторно ќе се повлече во себе.

Најпосле Холи ќе се запише на курс за модно творештво и ќе открие дека има талент за дизајнирање на женски чевли. Новооткриената самодоверба ќе и помогне да се ослободи од нејзината осаменост и да ја сподели среќата на нејзините другарки. За време на една прошетка со мајка ѝ, дознава дека таа е личноста која Гери ја замолил да ги праќа писмата по неговата смрт. Холи ја носи мајка ѝ на патување во Ирска, а бидејќи така завршува филмот, на публиката се остава впечаток дека Холи целосно ќе се отвори за време на патувањето, кое е всушност нејзиниот живот, каде и да ја носи. Таа конечно ќе се откаже од стравот повторно да се заљуби.

Улогите ги толкуваат

уреди
  • Хилари Свонк – Холи Кенеди
  • Жерард Батлер – Гери Кенеди
  • Лиса Кудров – Дениз Хенеси
  • Џина Гершон – Шерон Мекартни
  • Џејмс Марстерс – Џон Мекартни
  • Кети Бејтс – Патриша Рајли
  • Хари Коник – Даниел Конели
  • Џефри Дин Морган – Вилијам Галагер
  • Нели Мекеј – Кјара Рајли

Продукција

уреди

Во „Разговор со Сесилија Ахем“, бонус снимка на ДВД верзијата од филмот, авторката разговара за американизацијата на нејзината приказна (која се случува во Ирска), за филмуваната верзија и колку е задоволна од промените во содржината направени од сценаристот/режисерот Ричард ла Гаванезе. Филмот се снимаше на локации во Њујорк и областа Виклоу во Ирска.[1]

Благајна

уреди

Премиерата на филмот беше прикажана низ 2 454 кино сали во Северна Америка, а оствари заработка од 6.481.221 долари и се рангираше на шестото место за време на првиот викенд од прикажувањето. Вкупно заработи 53.695.808 долари во Северна Америка, а 91.370.273 во остатокот од светот, со севкупна заработка ширум светот од 156 835 339 долари.[2]

Наводи

уреди
  1. Staff (2007). „P.S. I Love You“. Tourism Ireland. Tourism Ireland. Посетено на 24 мај 2012.

Надворешни врски

уреди