Плоштад дел Дуомо (Фиренца)
(Пренасочено од Пјаца дел Дуомо (Фиренца))
43°46′22″N 11°15′21″E / 43.772876° СГШ; 11.255798° ИГД
Плоштадот дел Дуомо се наоѓа во срцето на историскиот центар на Фиренца (Тоскана, Италија). Тоа е едно од најпосетуваните места во Европа и светот и во Фиренца, најпосетуваната област во градот. Плоштадот ја содржи Фирентинска катедрала со Купола дел Брунелески, Кампанилата на Џото, крстилницата во Фиренца, Лоџа дел Бигало, музејот делата на Катедралата и палатата Арцивесковиле и Каноничи. Западната зона на овој плоштад се нарекува Палацо Сан Џовани.
Згради
уреди- Фирентинска катедрала: е најголемата зграда во средновековна Европа,[1] и е четвртата црква во Европа по големина, нејзината должина е 153 метри и неговата висина е 116 метри. Куполата е дизајнирана од Филипо Брунелески.
- Камбанаријата на Џото: Се наоѓа во непосредна близина на базиликата Санта Марија дел Фиоре и Крстилницата Свети Јован, кулата е едно од показните елементи на фирентинската готска архитектура со дизајнот на Џото, нејзините богати скулпторски украси и полихромирани мермерни облоги.
- Крстилница на Свети Јован: Осумаголната крстилница стои спроти катедралата Дуомо и камбанаријата Џото (Campanile di Giotto). Таа е една од најстарите градби во градот Фиренца, изградена помеѓу 1059 и 1128 година. Архитектурата е во фирентински романескен стил.
- Музеј на делата на Катедралата: пред катедралата во Фиренца, тој е посветен на конзервација на Дуомо и други уметнички дела. Во него се чуваат одлични ремек-дела на Микеланџело, Донатело, Лоренцо Гиберти, Лука дела Робија, Арнолфо ди Камбио и многу други.
- Лоѓија дел Бигало
- Арциконфратернита Дела Мисерикордија
- Палацо деи Каноничи
- Палацо Строци ди Мантова
- Музејот Торини
- Палацо Арцивесковиле
- Торе деи Марињоли
- Операта на Сан Џовани
- Колона Сан Заноби, покрај Крстилницата.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Piazza del Duomo на Ризницата ?