Рин (пустина)

(Пренасочено од Пустина Рин)

Рин (руски: Рын-пески , казашки: Нарын құмы) – единствена вистинска пустина во Европа. Се наоѓа во автономната република Калмикија во Русија и во поголем дел во западен Казахстан, северно од Каспиското Езеро и југоисточно од Приволшкото Возвишение. Границите на пустината се многу лабаво дефинирани. Некои мапи покажуваат дека скоро цела пустина е во Прикасписката Низина, протегајќи се скоро до брегот на Каспиското Езеро, додека други ја покажуваат северно од низината. Пустината лежи западно од реката Урал меѓу 46. паралела и 49. паралела географска ширина, од 47. до 52. источен меридијан географска должина. Температурите се екстремни, во лето може да достигнат 48 °C, а во зима да паднат до -36 °C.[1]

Пустина Рин
Рын-пески
Пустина
Пустината Рин
Земји Русија, Казахстан
Должина 250 км
Ширина 250 км
Површина 50,000 км2
Биом пустина

Зафаќа површина од околу 50.000 км2. Многу мали градови се раштркани низ пустината Рин, а густината на населението е меѓу и и 15 жители на квадратна милја. Рин лежи во полусушна климатска зона и количината врнежи е многу мала.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • International Journal of Environment and Pollution 2004 - Vol. 22, No.1/2 pp. 72 – 86. ISSN 0957-4352
  • DK World Atlas, Millennium Edition, pgs. xxv, xxix, 258 ISBN 978-0789446046

47°20′00″N 48°50′00″E / 47.3333° СГШ; 48.8333° ИГД / 47.3333; 48.8333