Пурпурната долина (филм од 1954)
Пурпурната долина (англиски: The Purple Plain) - британски филм од 1954 година, во режија на Роберт Париш, според сценариото на Ерик Амблер засновано врз истоимениот роман на Х. Е. Бејтс. Главните улоги ги толкуваат: Грегори Пек, Бернард Ли и Вин Мин Тан. Филмот бил номиниран за наградите на БАФТА во две категории.[1]
Содржина
уредиОткако неговата жена загинува за време на германското бомбардирање на Лондон, канадскиот воен пилот Форестер (го игра Пек), кој учествува во воениет дејства во Бурма, се претвора во машина за убивање и воопшто не се грижи за својот живот. При еден рутински лет, моторот на неговиот авион се запалува, па Форестер и екипажот мора де слетаат на територијата што ја контролира јапонската војска. Тогаш, тие почнуваат очајна борба за своите животи...[2]
Наводи
уреди- ↑ „HRT (пристапено на 15.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-19. Посетено на 2017-11-25.
- ↑ „HRT (пристапено на 15.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-19. Посетено на 2017-11-25.