Тарифа (’рт)
’рт во Шпанија, најјужната точка во континентална Европа
(Пренасочено од Пунта де Тарифа)
Тарифа (шпански: punta de Tarifa) — ’рт на југот на Пиринејскиот Полуостров и најјужна точка во цела континентална Европа. Сместен е во покраината Кадис, Андалусија, на брегот на Гибралтарскиот Проток.[1] Оттука се гледа Мароко.
Ова е јужен крај на некогашниот остров Тарифа (Лас Паломас), денес поврзан со копното со патен насип. Од 1930-тите до 2001 г. на местото имало воени објекти[2]
’Ртот и истоимениот град се наречени по берберскиот војсководец Тариф ибн-Мелик, кој одовде во 710 г. го започнал исламското освојување на Шпанија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Cádiz“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 17 април 2012.
- ↑ „The armed forces in Tarifa“. TodoTarifa. Архивирано од изворникот на 2018-10-11. Посетено на 21 април 2012.