Птиците од ланските гнезда (роман)
Птиците од ланските гнезда е роман на македонскиот писател Митко Маџунков, објавен од издавачката куќа „Три“ во 2013 година.
Содржина
уредиЦентрален лик во романот е библиотекарот Кирил Водочки, заедно со неговиот семеен и пријателски круг во Белград. Дејствието на романот се одвива во 1986 година, во времето на катастрофата во Чернобил, а настанитево романот се протегаат во период од неколку часови. Притоа, преку низа кратки секвенци, авторот прикажува неколку ликови, претежно струмичани или Македонци, преку кои тој ги пласира своите фикционални слоеви. Исто така, во делото има и неколку документарни слоеви преку кои писателот иронизира со социјализмот, митингот на Ушќе, супкултурната сцена, македонизмот, српството, но и со вечните категории - љубовта, смртта, семејството, сексуалноста итн. Во романот има и фантастични слоеви поврзани со разни поигрувања со времето, чудни дејствија, необјасниви случки и необични карактери.[1]
Награди и признанија
уредиЗа романот „Птиците од ланските гнезда“, Маџунков ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински Весник за 2013 година.[2]