Псевдонимите на ВМРО
Псевдонимите на ВМРО е книга со документи од архивата на Ангел Узунов, објавена во 2015 година од страна на Државен архив на Република Македонија.
Насловната корица | |
Автор | Ангел и Христо Узунови |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | Документи |
Издадена | 2015 |
ISBN | 978-608-4745-10-5 |
Содржина
уредиКнигата е поделена на три поглавја:
- Географски имиња
- Личности
- Други
Во книгата се содржани псевдонимите по азбучен ред, на градови, села, места и области, како и на личности од тоа време. Во предговорот се вели:
- „Псевдонимите биле важен елемент на конспиративната техника на Македонската револуционерна организација. Членовите на Македонската револуционерна организација, работејќи во тајност, во своите преписки ги користеле измислените имиња на личности, а исто така и на држави, градови, села и др. Личностите, како правило, добивале или конспиративни имиња или псевдоними-прекари (псевдоними според некоја особина, потеклото, занаетот итн.). На пример, еден од псевдонимите на Ангел Узунов бил „Надеждин“: Тодор Александров го нарекувал Ќустендил - „Градот на надежта“, а Ангел Узунов извршувал должност на пунктов началник на ВМРО во Ќустендил.“[1]
Примери (преземено од книгата) псевдоним - име:
- Вавилон - гр. Софија
- Бомбај - с. Баница, Леринско
- Алжир - гр. Лерин
- Дедо Ангел - гр. Охрид
- Али Чауш - Васил Данаилов
- Ариматејски - Дамјан Груев
- Атила - Никола Петров, охридски војвода од с. Русиново
- Ахил - Гоце Делчев
- Барон - Тасе Христов, охридски војвода
- Дедо Господ - Цветан Христов, с. Присовјани, охридски војвода
Наводи
уреди- ↑ Ангел и Христо Узунови: Псеводнимите на ВМРО, издавач ДАРМ, Скоје 2015, стр. V.