Прустов прашалник
Прустовиот прашалник — познат формулар со прашања, прославен од страна на францускиот писател Марсел Пруст (1871-1922). Пруст, сè уште млад, го открива тестот кон крајот на ХIX. век. Станува збор за англиска игра која помага да се разоткрие карактерот (вкусот, желбите) на решавачот. Формата на прашалникот е слична на нему сличните прашалници, кои можат да се најдат низ најразлични забавни списанија.
Прашалник
уредиПостојат два различни типа на одговори понудени од Пруст: првиот тип потекнува од 1885 или 1886, и е всушност дел од англиски албум за исповеди, иако одговорите на Пруст се на француски. Вториот, од друга страна, е од 1891 или 1892, и е дел од француски албум, Les confidences de salon („Салонски исповеди“), во кои можат да се најдат речиси истите одговори, некои се отфрлени, а некои додаени.
Прашања од Confessions | Прашања од Confidences | Одговорите на Пруст од 1890 |
---|---|---|
Твојата омилена доблест. | Мојата омилена доблест. | Потребата да бидам сакан; поконкретно, потребата да бидам милуван и разгалуван повеќе отколку потребата да ми се восхитуваат. |
Твоите омилени особини кај мажите. | Особината која ја посакувам кај мажите. | Маженствените доблести и искреноста во пријателството. |
Твоите омилени особини кај жените. | Особината која ја посакувам кај жените. | Женскиот шарм. |
Твојата главна особина. | ---- | ---- |
На што се восхитуваш највеќе кај пријателите? | На што се восхитувам највеќе кај пријателите: | Да се грижат за мене, но само оние кои се толку посебни што имаат висока цена за својата грижа. |
Твојата главна маана. | Мојата главна маана. | Незнаењето, неспособноста да „посакувам“. |
Твоето омилено занимање. | Моето омилено занимање. | Да љубам. |
Твојата идеја за среќа. | Мојот сон за среќа. | Се плашам дека нема да биде доволно голем, не се осмелувам да го кажам од страв дека ќе го уништам ако го изговорам. |
Твојата идеја за несреќа. | Која би била мојата најголема несреќа? | Да не ја познавав мојата мајка или мојата баба. |
Кој би бил, ако не самиот себе? | Што би сакал да бидам: | Онаков каков што луѓето кои ги почитувам би сакале да бидам. |
Каде би сакал да живееш? | Земјата во која би сакал да живеам. | Земја во која нештата кои ги сакам би се оствариле како со магија, каде грижата секогаш би била возвратена. |
Твојата омилена боја и цвеќе. | Мојата омилена боја. | Убавината не во боите, туку во нивната хармонија. |
---- | Цвеќето кое го сакам. | Неговото/Нејзиното - а по него, сите останати.[1] |
---- | Мојата омилена птица. | Ластовица. |
Твоите омилени прозаисти. | Моите омилени прозаисти. | Во моментов, Анатол Франс и Пјер Лоти. |
Твоите омилени поети. | Моите омилени поети. | Бодлер и Алфред де Вињи. |
Твоите омилени фиктивни јунаци. | Моите омилени фиктивни јунаци. | Хамлет. |
Твоите омилени фиктивни хероини. | Моите омилени фиктивни хероини. | Беренис. |
Твоите омилени сликари и композитори. | Моите омилени композитори. | Бетовен, Вагнер, Шуман; Леонардо да Винчи, Рембрант. |
Твојата хероина од светската историја | Моите хероини од историјата. | Клеопатра. |
Што мразам највеќе? | Она што го мразам пред сè. | Тоа што има нешто зло во мене. |
Ликови од светската историја кои највеќе ги мразам. | Историски личности кои ги презирам. | Не сум доволно упатен. |
Воен настан на кој највеќе му се восхитувам. | Воено случување на кое највеќе му се восхитувам. | Мојата служба! |
Природниот талент со кој би сакал да бидам обдарен. | Дар од природата кој би сакал да го имам. | Волјата и заведувањето. |
Како сакам да умрам? | Како би сакал да починам. | Најдобар и сакан. |
Која ти е моменталната умствена состојба? | Моментална душевна состојба. | Здодевност, мислејќи на себе додека ги одговарам сите овие прашања. |
Наводи
уреди- ↑ Не е сигурно дали Пруст мисли на цвеќе од маж или од жена, бидејќи користи неодредена заменка, оттаде двете заменки се понудени.