Прска (холандски: Spetters) - холандски филм од 1980 година, режиран од Пол Верховен (Paul Verhoeven), по сценариото на Џерард Зотман (Gerard Soeteman). Главните улоги ги играат: Ханс ван Тонхерен (Hans van Tongeren), Рене Сутендијк (Renée Soutendijk), Мартен Шпанјер (Maarten Spanjer), Тон Агтерберг (Toon Agterberg) и Руџер Хауер (Rutger Hauer). Филмот предизвикал остри протести поради начинот на кој Верховен ги прикажал хомосексуалците, христијаните, полицијата и новинарите. Поради тоа, Верховен одлучил да замине во Холивуд, каде ги снимил своите идни филмови.[1]

Синопсис

уреди

Двајца млади возачи на мотокрос, Рин (го игра Тонгерен) и Ханс (го игра Шпанјер), како и нивниот менаџер (го игра Агтерберг), сонуваат за слава, богатство и секс. Нивен идол е легендарниот првак во мотокрос Виткамп (го игра Хауер). Во нивниот живот се случува пресврт кога ќе ја запознаат заводничката Фјентје (ја игра Сутендијк), која на крајот ги принудува тројцата мажи да се соочат со стварноста и со нивната хомосексуалност.

Наводи

уреди