Пројче Вељанов Најдоски-Сокле (15.02.1920, Гостиражни19 декември 1942, Прилепец) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Пројче Најдоски-Сокле
Роден 1920 година
Гостиражни, Македонија, како дел од Кралството СХС
Починал 19 декември, 1942 година
Прилепец, Македонија, како дел од Царството Бугарија

Животопис

уреди

Наместо да стапи на отслужување на воениот рок во Бугарија, се приклучил кон Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. По разбивањето на одредот за време на офанзивата на бугарската војска и полиција, Пројче најмногу му помогнал на ранетиот Владо Лапецот-Корда да заздрави, за да можат неговите соборци да го префрлат во Прилеп.

Со другите прилепски партизани заминал кај манастирот до селото Прилепец, а на 19 декември 1942 година загинал во борбата со бугарската војска и полиција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ПРОЈЧЕ НАЈДОСКИ-СОКЛЕ“. Олд Прилеп. 3 јануари 2013. Посетено на 22 јуни 2021.