Просјачка опера (филм)

„Просјачка опера“ (чешки: Žebrácká opera) – филм на режисерот Јиржи Менцел (Jirí Menzel) од 1991 година. Менцел е и автор на сценариото, заедно со Џон Греј (John Gay), кое се темели врз истоимената драма на Вацлав Хавел од 1975 година. Главните улоги ги играат: Јозеф Абрхам (Josef Abrhám), Марјан Лабуда (Marián Labuda), Махулена Боцанова (Mahulena Bocanová), Јана Брезкова (Jana Brezková), Нина Дивискова (Nina Divisková), Барбора Лајхнерова (Barbora Leichnerová), Вероника Фрајманова (Veronika Freimanová), Катерина Фрибова (Katerina Frybová), Рудолф Хрусински (Rudolf Hrusínský) и Џереми Ајронс (Jeremy Irons).[1]

Синопсис

уреди

Со подземјето владеат две спротивставени злосторнички организации – едната ја води Пичам (го игра Лабуда), а другата Мек Кит (го игра Абрхам). Пичам ја убедува својата ќерка Поли (ја игра Лајхнерова) да обезбеди поблизок однос со Мек Кит, надевајќи се дека така ќе му ги пренесува потребните информации за случувањата во противничкиот табор. Меѓутоа, истите намери ги има и Мек Кит, кој настојува со помош на Поли да ја следи организацијата на Пичам. Но, Поли се вљубува во Мек Кит, па Пичам решава да му се одмазди на Мек Кит со помош на полицискиот началник Локит (го игра Хрусински), кој е негов долгогодишен соработник. Така се откриваат сложените односи меѓу полицијата и подземјето...

Наводи

уреди
  1. Prosjačka opera, čehoslovački film (пристапено на 16.7.2023)