Прогонетиот (филм од 1947)

Прогонетиот (англиски: Pursued) - американски филм од 1947 година, во режија на Раул Волш (Raoul Walsh), според сценариото на Нивен Буш (Niven Busch). Главните улоги ги играат: Тереза Рајт (Teresa Wright), Роберт Мичам (Robert Mitchum), Џудит Андерсон (Judith Anderson) и Дин Џегер (Dean Jagger).

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива во Ново Мексико, на преминот од XIX во XX век. Прикажувајќи низа сцени од минатото, во филмот се раскажува приказната за Џеб Ранд (го игра Мичам) чие семејство било убиено кога тој бил дете. По масакрот, него го пронашла вдовицата, г-ѓа Калум (ја игра Андерсон), која го примила во своето семејство и го одгледала како свое дете. Кога пораснал, Џеб се вљубил во нејзината ќерка, но во меѓувреме се соочил со опасност...[1]

Наводи

уреди