Принцот Хат под земјата
Принцот Хат под земјата (шведски: Prins Hatt under jorden) е шведска верзија на стара скандинавска бајка. Норвешката верзија се вика „Источно од Сонцето и Западно од Месечината“ (норвешки: Østenfor sol og vestenfor måne).
Собрана е во Смоланд или Блекинг од Гунар Олоф Хилтен-Кавалиус и Џорџ Стивенс и објавена во Шведски народни приказни и авантури (1: 1-2, 1844-49). Филмувана е во неколку наврати и претставува основа на операта на Ерик Бергман „Дрвото што пее“.
Бајката е од типот Аарн-Томпсон 425А, потрага по изгубениот сопруг. Темите за бракот со монструозниот или мистериозен сопруг, за љубопитноста поттикната од маќеата, па дури и капките паднат восок се многу слични со хеленистичката романса Купидон и Психа.
Синопсис
уредиПоради избрзано ветување, таткото морал да ја даде својата ќерка на принцот Хат кој живеел под земјата. Таа деновите ги поминувала сама во неговото подземно живеалиште, но кога ќе паднела ноќта, тој се враќал и бил секогаш нежен и грижлив спрема неа.
Проблемот бил единствено во тоа што таа му ветила дека никогаш нема да му го види неговото лице. Поминале три години и тие имала три деца. Таа се повеќе станувала помалку осамена и посреќна. Трите години по ред, таа го посетувала замокот на нејзиниот татко, кога тој повторно се оженил и нејзините две сестри се венчале. Меѓутоа, новата сопруга на кралот дека треба да му го види лицето на нејзиниот сопруг, бидејќи тој можеби е трол. На третата посета, нејзината маќеа ѝ дала восочна свеќа што требало да ја држи над нејзиниот сопруг кога спие за да му го види неговото лице. На нејзино среќно изненадување, таа видела прекрасен млад човек, но капка восок паднала врз неговите гради. Тој се разбудил со ужас, тој ослепел и живеалиштето им се претворило во простор исполнет со жаби и змии.
Принцезата го следела по неговите лутања, и таа морала да ги остави своите деца едно по едно. Кога таа по втор пат не успеала да го исполни ветувањето, тој исчезнал. По долги потраги, во кои ѝ помагаат и три старици таа конечно пристигнала во замокот, каде трол кралицата се подготвувала за брак со принцот Хат.
Преку мито, принцезата добила можност да го дели креветот со својот принц три ноќи, но кралицата на троловите му дала напивка за да не забележи тој ништо во текот на овие ноќи. Дури третата ноќ успеал да остане буден и да види дека неговата сопругата го нашла. Магијата била скршена и тие си живеат понатаму среќно.
Преводи
уредиПриказната се појавила во збирка бајки објавена во 1895 година, со името Принц Хат под Земјата; или, Трите лисја што пеат.[1]
Бенџамин Торп, во својата компилација на скандинавски бајки, ја превел приказната како Принцот Хат под земјата, или Трите лисја што пеат, и дава варијанти низ традициите на 9 приказни.[2]
Во компилација на шведски бајки, приказната била преведена како Принц Хат под земја.[3]
Наводи
уреди- ↑ Quiller-Couch, Arthur Thomas. Fairy tales far and near. London, Paris, Melbourne: Cassell and Company, Limited. 1895. pp. 87-130.
- ↑ Thorpe, Benjamin. Yule-tide stories: a collection of Scandinavian and North German popular tales and traditions, from the Swedish, Danish, and German. London; New York: G. Bell. 1910. pp. 11-34.
- ↑ Berg, Frithjuv. Swedish fairy tales. Translated by Tyra Engdahl and Jessie Rew. London; Newcastle-on-Tyne; New York: The Walter Scott Publishing Co., Ltd. 1904. pp. 187-259.
Надворешни врски и литература
уреди- Онлајн објавување на бајката (на шведски), PDF
- Хенриксон, Алф. (1998). Stora mytologiska uppslagsboken .ISBN 91-37-11346-1