Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат
Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштад (германски: Marie Auguste Wilhelmine von Hessen-Darmstadt) (14 април 1765 година-30 март 1796 година) — војвотка, сопруга на војводата на Цвајбрикен Максимилијан, и мајката на кралот Лудвиг I од Баварија.
Аугуста Вилхелмин | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Јохан Фридрих Дријандер. | |||||
Сопруга на војводата на Цвајбрикен | |||||
На позиција | 1 април 1795 – 30 март 1796 | ||||
Роден(а) | 14 април 1765 Дармштат, Германија | ||||
Починал(а) | 30 март 1796 (возр. 30) Рорбах, Германија | ||||
Сопружник | Максимилијан I Јосиф од Баварија (в. 1785) | ||||
| |||||
Татко | Џорџ Вилијам од Хесе-Дармштат | ||||
Мајка | Марија Луиз Албертин од Лајнинген-Фалкенбург-Дагсбург | ||||
Вероисповед | Лутеранство |
Биографија
уредиАугуста Вилхелмин е родена во Дармштат, четврта ќерка и деветто дете на принцот Џорџ Вилијам од Хесе-Дармштат (втор син на Луј VIII, Лендгрејв од Хесен-Дармштат) и грофицата Марија Луиз Албертин од Лајнинген-Фалкенбург-Дагсбург.
Брак со Максимилијан
уредиНа 30 септември 1785 година, во Дармштат, Аугуста Вилхелмин се омажи за Максимилијан, грофот Палатин од Цвајбрикен (подоцна крал Максимилијан I Јосиф). Максимилијан бил офицер во француската војска стационирана во Стразбур, но парот исто така често го посетувал Париз.[1]
Во 1789 година, полкот на Максимилијан се побунил и тој и Аугуста побегнале во домот на нејзините родители во Дармштат.[2] Во следните пет години, тие живееле претежно во соседниот град Манхајм. Во декември 1794 година, француската војска го нападнала Манхајм, а Аугуста била приморана да избега од градот, бидејки нејзиниот дом бил гранатиран од француската артилерија.[3]
Војвотката од Цвајбрикен
уредиВо април 1795 година, Максимилијан го наследил својот брат како владејачки војвода од Цвајбрикен; сепак, неговото војводство беше целосно окупирано од Французите. Во март 1796 година, Аугуста Вилхелмин, која отсекогаш имала нежни бели дробови, конечно подлегнала на болеста и починала во Рорбах. Таа беше погребана во Дармштат.[4][5]
Деца
уредиТаа имала пет деца:
- Принцот Лудвиг (1786-1868).
- Принцезата Аугуста Амалија Лудовика (21 јуни 1788 - 13 мај 1851).
- Принцезата Амали Мари Огист (9 октомври 1790 - 24 јануари 1794) почина во детството.
- Принцезата Каролина Аугуста (8 февруари 1792 - 9 февруари 1873).
- Принцот Карл Теодор Максимилијан (7 јули 1795 година - 16 август 1875 година).
Наводи
уредиИзвори
уреди- Winkler, Wilhelm. "Die Mutter König Ludwig I. von Bayern nach ungedruckten Briefen", Die Wächter (1924).